Диетата која е хит во светот од ’99-та година: Минус 20 килограми за 5 недели
Планот за слабеење од прочуениот израелски нутриционист, Ким Протасов, им нуди на корисниците да изгубат од 5 до 20 килограми за само 5 недели, додека тврди дека процесот е здрав.
Диетата е осмислена во 1999-та година и од тогаш ја користеле илјадници луѓе кои биле зачудени од резултатот.
Оваа диета не се препорачува на луѓе кои патат од гастритис, хроничен панкреатитис, чиреви во желудникот.
Во продолжение се правилата како се држи оваа диета и неколку предлог менија:
Основата на диетата
Диетата на Протасов се базира на свеж зеленчук и во мала количина млечни производи и протеини, кои се јадат бидејќи го подобруваат варењето, ја обновуваат цревната микрофлора и го олеснуваат процесот на согорување масти.
Припаѓа на групата нискокалорични диети, бидејќи дневно се внесуваат помеѓу 1.200 и 1.500 калории.
Максималниот резултат е губење на 20 килограми за 5 недели строго придржување.
Прва недела
Во текот на првата недела е дозволен зеленчук без скроб во неограничени количини: зелка, домати, краставици, моркови, карфиол, брокула, зелје, зелена салата, тиквички, ротквици...
Зеленчукот може да биде варен или печен, а понекогаш може да се „почестите“ со неколку компири.
Дозволено е во првата недела да консумирате кефир и јогурт, во сооднос 1:2, според внесот на зеленчук.
Може да јадете 1 варено јајце дневно. Што се однесува до овошјето, смеете во првата недела да јадете по 3 зелени јаболка дневно. Останатото овошје е забрането.
Втора недела
Оваа етапа е слична на претходната, освен што сега се исфрла целиот зеленчук кој не е свеж (скиселен, замрзнат).
Уште можете да јадете 3 зелени јаболка дневно, млечни производи и едно јајце дневно. Внимавајте да внесувате и доволно вода.
Трета недела
Во третата недела на дневното мени се додава 300g немасно црвено месо, риба или друг вид од животинско потекло, но се намалува количината на млечни производи за 1/3.
Остатокот е исто како во втората недела.
Четврта и петта недела
Менито е исто како и во третата недела, со фокус на зеленчук со низок гликемиски индекс – целер, лук, црвен грав, грашок, краставица, маслинки, домати, моркови, ротквици, спанаќ.
И понатаму може да јадете 300g немасно црвено месо, 3 јаболка дневно, 1 јајце, а сега и млечните производи може да се консумираат неограничено.
Што кога ќе ја завршите диетата?
Ако прописно ја држевте диетата, важно е потоа веднаш да не се вратите на старите навики.
Обидете се исхраната и потоа да биде богата со протеини и секој оброк да го збогатите со многу зеленчуци.
Диетата може да ја практикувате само еднаш во текот на годината и секогаш консултирајте се со стручно лице.
М. Д. | Црнобело