Четири знаци дека вашата диета воопшто не функционира
Дали вашата диета функционира? Постои само еден начин да го дознаете ова, а тоа не е фактот што успеавте да ги облечете омилените фармерки.
Вистинскиот показател за ефикасноста на диетите е како се чувствувате физички. Ако сте премногу опседнати со слабеењето, вашето тело страда.
Можат да се појават ненадејни промени во расположението, ниско ниво на енергија, дигестивни проблеми, нарушен имунитет...
Ова се четири знаци дека вашата диета воопшто не функционира:
Хроничен замор
Ако сте исцрпени и едвај можете да ги држите очите отворени во текот на денот, треба да обрнете внимание на исхраната, како и на животниот стил. Дали спиете најмалку седум часа навечер? Дали јадете здрави оброци кои ве снабдуваат со енергија во текот на денот? Веројатно ви недостасуваат протеини и витамини Д и Б12.
Дигестивни проблеми
Ако почнавте со нова диета и забележавте дека не одите често во тоалет, тоа не е добро. Ова значи дека или не јадете доволно храна или не јадете соодветна храна.
Најверојатно не внесувате доволно хранливи влакна за појадок, ручек или вечера.
Често сте болни
Ако постојано се борите со затнат нос, главоболка, замор или болка во грлото, веројатно исхраната влијае врз вашиот имунитет.
Интензивна желба за одредена храна
Желбата за храна е начинот на кој вашето тело се обидува да ви каже дека ви недостигаат одредени хранливи материи. На пример, ако постојано ви се јаде нешто солено, веројатно имате недостаток на минерали во вашето тело. Солената храна е, исто така, начин на кој телото се справува со стресот.
Ако ви се јаде нешто слатко, можеби ви требаат повеќе протеини. Исто така, зголемената потреба за шеќер може да биде знак дека на вашето тело му се потребни и јаглехидрати.
Ашера | Црнобело