План за диета како на стјуардеса која трае само 4 дена
Не е тајна дека стјуардесите мора да бидат витки и затегнати како би ја добиле работата од соништата, но мора и такви да останат.
Па, наводно во тоа им помага „стјуардеса диетата“ која трае само 4 дена, а е од голема помош кога треба брзо да се вратат во форма.
Овој режим на исхрана изгледа вака, доколку сакате да го пробате:
Прв ден
Појадок: Овесна каша подготвена со жешка вода, без млеко или путер, шолја чај со лажичка шеќер.
Ручек: Салата од било каков свеж зеленчук, чинија пилешка супа, 100g варено пилешко филе.
Вечера: 200g било каква риба со 3 гранчиња свеж магдонос.
Втор ден
Појадок: 1 јаболко и 1 чаша сок од јаболка.
Ручек: 200g пилешко филе, исклучиво варено.
Вечера: 90g сирење со ниска масленост.
Трет ден
Појадок: Било какво овошје и 100ml јогурт.
Ручек: 100g риба, 1 авокадо и лист зелена салата.
Вечера: 200g каша од хељда, без масло или шеќер.
Четврти ден
Појадок: 200ml јогурт, шолја чај.
Ручек: 1 домат со 200g варена риба.
Вечера: 250g пире од компир.
Во текот на оваа диета се препорачува многу вода, а максимално два дена смее да пиете кафе, но без шеќер.
М. Д. | Црнобело