Чоколадото и виното се дозволени – Диетата со која Адел ослабе 45 килограми
Во последно време Адел привлекува најмногу внимание поради нејзината нова фигура. Наводно, пејачката следела план за исхрана со кој се губат дури 3,5 килограми неделно.
Тренерот на Адел, Камила Годис, конечно го сподели планот на исхрана што го следела пејачката. Со овој начин на исхрана, телото се поттикнува да согорува масти, а Адел е доказ дека функционира.
„Во себе внесува помалку калории, а троши повеќе енергија“, изјави Камила.
Истовремено, таа советува дека за време на диетата треба да се откажете од преработена храна, шеќер и газирани пијалаци, да го намалите бројот на внесени калории и да почнете со вежбање кардио и со тегови.
Добри вести – Чоколадото и виното се дозволени
Диетата е дело на нутриционистите Ејдан Гоџинс и Глен Матен, а нејзината предност e што не се забранети намирници како вино и чоколадо.
Диетата е заснована на истражувања кои докажале дека еден вид протеин го забрзува метаболизмот, а со тоа го забрзува и слабеењето.
Резултатите се брзи и можете да ослабете и до 3,5 килограми неделно.
Диетата вклучува 2 циклуси на исхрана кои се повторуваат 3 недели.
Дозволени намирници и основни правила
Пијалаци: Зелен чај, мача зелен чај, кафе без шеќер и црвено вино.
Овошје и зеленчук: Цитрусно овошје, јаболка, боровинки, целер, кељ, кромид и рукола.
Зачини: Магдонос и куркума.
Други намирници: Темно чоколадо со најмалку 75% какао, ореви, маслиново масло, хељда, лосос и ракчиња.
Во првите три дена од диетата, во организмот се внесуваат 1.000 калории дневно. Се консумираат 3 смутија и 1 оброк, приготвени со намирниците од листата.
Од четвртиот до седмиот ден се внесуваат 1.500 калории. Се консумираат 2 смутија и 2 главни оброци.
Креаторите на диетата тврдат дека слабеењето е брзо, а притоа се задржува мускулната маса. Наводно, оваа диета го намалувала и ризикот од хронични болести.
Сепак, некои експерти ја критикуваат и тврдат дека резултатите не се долгорочни. Па, пред да ја почнете диетата, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.
Спирова С. | Црнобело