GAPS диетата која помага за цревните болести, депресијата и автоимуните заболувања
Исхраната GAPS (Gut and Psychology Syndrome - Синдром на цревата и психологијата) се заснова на врската помеѓу здравјето на цревата и цревната флора со целокупното здравје и имунолошкиот систем на организмот.
Авторот на диетата тврди дека специјалната диета може да лекува вознемиреност, депресија, аутизам и ADHD (Синдром на дефицит на внимание и хиперактивност), како и воспалителни заболувања на цревата и автоимуни заболувања.
Исхраната се состои од шест фази на отстранување на: житарици, скроб зеленчук, шеќери и рафинирани јаглени хидрати и треба да го олесни варењето и лекувањето на синдромот на протекување на цревата.
Овој синдром е честа појава во сериозни патолошки состојби како што се воспалително заболување на цревата или целијакија.
Симптомите како што се подуеност, гасови, хиперсензитивност на храна и болка се почести кај лицата со целијакија. Заболените често се жалат на хроничен умор, надуен стомак, постојано преплетување на цревата, запек или пролив, не поднесуваат одредени видови на храна.
Постепено и кај нив се манифестираат симптоми поради нарушена апсорпција на хранливите материи.
Како се спроведува GAPS диетата?
Првата и најрестриктивната фаза на диетата ја ограничува консумацијата на само домашно месо или риба. Постепено можете да додадете пробиотска храна, како што е домашна кисела зелка, ферментиран зеленчук и домашен јогурт или кефир (под услов да не сте алергични на лактоза и лесно да ги поднесувате млечните производи).
Чајот од ѓумбир, нане или камилица со малку мед исто така може да се консумира помеѓу оброците. Следните пет фази ќе ви овозможат да додадете повеќе храна во вашиот план за исхрана, со фокус на нескробен зеленчук, јајца (сурово или слабо зготвено), месо, риба и здрави маснотии, вклучувајќи ореви, авокадо и маслиново масло (ладно цедено).
На сите што ќе се одлучат за оваа диета, им се советува да го следат овој план на исхрана најмалку две години, што значи дека во тој период целосно треба да ги избегнуваат рафинираните шеќери и скробот, вклучувајќи житарки, компири, слатки компири и што било друго што ги содржи овие намирници.
Дозволени се умерени количини на овошје, како и мед. Генерално, планот на исхрана се состои од: ореви, зеленчук без скроб, морска храна, органско земјоделско месо, домашно сирење, непастеризирани, органски, млечни производи, јајца од органско земјоделство, неколку видови грав и ладно цедено масло.
Исто така, дозволени се билки, зачини, морска сол, јаболков оцет, билен чај и вино, но повремено. Исто така, се препорачуваат додатоци (суплементи) во исхраната, а диетата исто така поставува правила за тоа како и кога да се јаде дозволената храна, односно да се избегнува мешање на месо и овошје и да не се консумира ферментирана храна во секој оброк.
(О)Милена | Црнобело