Несекојдневни, но ефикасни совети за намалување на апетитот и слабеење

Знаевте ли дека јадењето од сини чинии може да ви помогне да го намалите апетитот и со тоа да изедете помалку? Кои други необични совети ќе ви помогнат во борбата со килограмите?

nekolku-idei-za-pobrzo-i-polesno-slabeenje-01.jpg

Постојат многу начини на кои можете да изгубите тежина за кратко време. Иако повеќето вклучуваат промена во исхраната и повеќе вежбање, не се сведува сè на соодносот на јаглехидрати и протеини.

Ако не сте подготвени за големи промени, ова се неколку совети и трикови кои ќе ви помогнат побрзо да изгубите тежина:

Јадете „кралски“ појадок

Сите оброци се важни, но појадокот е тој што ви помага да го започнете денот на вистински начин. Најдобриот појадок е оној што ќе ве засити и ќе ви помогне да се справите со постојаната желба за храна до крајот на денот.

Ова вклучува храна како што се јајца, грав, грчки јогурт, ореви, зеленчук, овошје и слично.

Слабејте со пријател

Многу полесно ќе се мотивирате да продолжите со диетата или одењето во теретана ако го правите ова со некој пријател, па и вашиот партнер.

nekolku-idei-za-pobrzo-i-polesno-slabeenje-02.jpg

Гледајте еден час помалку телевизија

Се чини дека луѓето кои често седат пред телевизија, почесто јадат. Ако сте еден од нив, можете да го користите овој мал трик - наместо да гледате телевизија, шетајте.

Овие мали откажувања полека ќе ви донесат значителни резултати.

Не јадете додека не почувствувате глад

Неверојатно е колку често јадеме од здодевност, нервоза, навика или фрустрација. Ова е толку вообичаено што многумина од нас забораваат како е физички да чувствуваат глад.

Ако сакате одредена храна, веројатно се работи за желба, а не глад. Ако сакате да јадете сè што ќе ви дојде при рака, големи се шансите да сте навистина гладни.

Помирисајте банана или јаболко кога се чувствувате гладно

Можеби изгледа глупаво, но ова наводно делува.

Се претпоставува дека мирисот на овие, но и други намирници со слична слатка арома, колку-толку го потиснуваат апетитот.

nekolku-idei-za-pobrzo-i-polesno-slabeenje-03.jpg

Гледајте во сина боја

Се верува дека сината боја делува како потиснувач на апетитот бидејќи е најмалку присутна во природата. Односно, речиси и да нема храна која природно има сина боја.

Затоа, послужете вечера во сини чинии или покријте ја масата со сини чаршафи.

Од друга страна, избегнувајте црвена, жолта и портокалова боја во трпезариите. Овие бои го стимулираат апетитот.

Јадете зачинета храна

Состојка која се наоѓа во лутите пиперки може да го зголеми ослободувањето на хормоните на стрес, како што е адреналин, со што се забрзува вашиот метаболизам и вашата способност да согорите калории.

Покрај тоа, консумирањето на лути пиперки може да ви помогне да јадете побавно од очигледни причини.

nekolku-idei-za-pobrzo-i-polesno-slabeenje-04.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg