Славни парови кои заедно станаа вегани

Oткажувањето од исхраната со производи oд животинско потекло, претставува чекор што го поддржуваат и мноштво холивудски ѕвезди.

slavni-parovi-koi-zaedno-stanaa-vegani-1.png

Од здравствени причини, за повитка линија, или, пак, поради лични убедувања, дел од познатите фаци донесоа баш ваква одлука.

А, нивните емотивни партнери ги поддржаа, така што и самите тие им се придружија.

slavni-parovi-koi-zaedno-stanaa-vegani-2.jpg

Ова се славните парови кои заедно станаа вегани:

Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт

Поп ѕвездата донесе одлука да премине на веганска исхрана во 2014 година.

Во разговорот за магазинот „Paper“, откри дека поттик ѝ била страшната трагедија што му се случила на кучето Флојд. 

Оттогаш, пејачката се има целосно откажано од животинските производи.

slavni-parovi-koi-zaedno-stanaa-vegani-3.jpg

По тој повод, Мајли Сајрус почна да одгледува прасенце како милениче, а си истетовира и сончоглед на раката, декларирајќи се како веган за навек.

При гостување во емисијата „The Tonight Show with Jimmy Fallon“, популарната изведувачка го даде следниот коментар за животните:

„Сфатив дека тие се интелигентни суштества.“

 Година дена подоцна, нејзиниот вереник Лиам Хемсворт ѝ се придружи на саканата.

slavni-parovi-koi-zaedno-stanaa-vegani-4.jpg

На новинарите им сподели дека откако го проучил суровото постапување кон животните, веќе не можел да стави ни парче месо во устата.

Колку повеќе осознавал на темата, толку поголем станувал отпорот на глумецот.

„Имам многу пријатели кои се вегани. Вуди Харелсон, кој цели триесет години се храни на овој начин, ми беше еден од главните мотиватори и јас да го тргнам по неговите стапки. Почувствував дека мора да направам нешто поразлично.“

Жизел Бундшен и Том Брејди

Во менито на манекенката и спортистот не изостануваат само шеќерот и солта, туку и намирниците од животинско потекло.

slavni-parovi-koi-zaedno-stanaa-vegani-5.jpg

Но, затоа има изобилство од јадења на растителна база, како што е вегетаријанското суши или порција киноа.

Жизел Бундшен призна во интервјуто за магазинот „People“ дека со Том Брејди се вегани повеќе години.

„Го обожаваме овој режим на исхрана. Не е добар само за здравјето, туку и за планетата.“

slavni-parovi-koi-zaedno-stanaa-vegani-6.jpg

За волја на вистината, сопругот на моделката e само делумно веган.

Во текот на зимата, консумира диетално месо, додека остатокот од годината се воздржува од сите животински производи.

Бијонсе и Џеј Зи

Во 2013 година, поп кралицата и раперот заедно го прифатија предизвикот – 22 дена без храна од животинско потекло. Бијонсе и Џеј Зи ја споделија одлуката на социјалните мрежи, будејќи огромен интерес во јавноста.

slavni-parovi-koi-zaedno-stanaa-vegani-8.jpg

Пејачката веднаш ги забележала промените. Нејзиниот сон се подобрил, кожата ѝ станала почиста и посјајна, а имала и повеќе енергија.

„Прво што приметив беа малите нешта. Важно е да се знаат придобивките од диетата базирана на растителни продукти. Да поминуваме повеќе време сакајќи се себеси, што значи подобра грижа за себеси, преку квалитетна исхрана и правење поздрави избори на оброци.“

slavni-parovi-koi-zaedno-stanaa-vegani-9.png

Иако двојката се врати на вообичаената исхрана веднаш по предизвикот, Бијонсе пак стана веган во 2018 година, подготвувајќи се за настапот на Коачела. Знаете ли што јадеше 44 дена?

Елен Деџенерис и Порша де Роси

Телевизиската водителка соопшти дека станала веган во една од нејзините емисии во 2008 година.

На таков потег се решила по гледањето на документарниот филм „Earthlings“, кој зборува за потполната човечка зависност од животните.

slavni-parovi-koi-zaedno-stanaa-vegani-10.jpg

Во изјавата дадена за Yahoo, таа го опиша пресудниот момент:

„Отсекогаш се нарекував себеси љубителка на животните. Но – го јадев нивното месо. Во една прилика ми кажаа дека ако ги чувам, тогаш ќе знам што имам на трпезата. И никогаш повеќе не би каснала пилешко. Од тој момент нешто се промени кај мене.“

Нејзината партнерка ѝ се придружи нешто подоцна, префрлајќи се и таа на храна од растително потекло.

Ова се случи откако двете се преселија на фарма во Калифорнија.

slavni-parovi-koi-zaedno-stanaa-vegani-11.jpg

Постојаниот контакт со животните и околната природа, биле пресудни за Порша де Роси да се реши на одлучувачкиот чекор.

„Mислев дека тешко ќе ми биде. Ама, навистина немам глад за месо, а ни сирење. Се чувствувам посреќна, бидејќи придонесувам кон тоа светот да биде помалку насилно место.“

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Српска нутриционистка предупредува: „Бурекот не треба да се консумира со јогурт“ „Наутро јадеме по еден бурек, а потоа ни се приспива“ – нутриционистката Јелена ...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg