Што ќе јаде Бијонсе наредните 44 дена?

Нејзиното тело не се обликува преку ноќ. Таа сѐ прави според план. Па, деновиве го најави својот строг режим на исхрана, до кој ќе се придржува следните месец и половина.

shto-kje-jade-bijonse-narednite-44-dena-1.png

Една од најпознатите музички ѕвезди во светот, неодамна сподели фотографија од оброк на социјалната мрежа Инстаграм, а под неа стоеше најавата: „44 дена до Коачела! Време е за веганска диета!“.

shto-kje-jade-bijonse-narednite-44-dena-2.jpg

Не е првпат Бијонсе да говори за делотворноста на споменатиот режим на исхрана, нагласувајќи дека ѝ помага многу повеќе од сите други диети. За што навистина се работи? 

Станува збор за веганската програма „22 дена“, која подразбира исклучиво консумација на намирници од растително потекло, а исфрлање на месо, млеко, јајца и мед од исхраната. 

shto-kje-jade-bijonse-narednite-44-dena-3.jpg

Како што навестува и називот, времетраењето на диетата е 22 дена, но според ригорозниот план на поп кралицата, се чини дека таа сега ќе издржи двојно повеќе. 

Наместо 22, напиша 44 дена, колку што ја делат до настанот, бидејќи намерата ѝ е да блесне во топ форма на популарниот музички фестивал Коачела.

shto-kje-jade-bijonse-narednite-44-dena-4.jpg

Оваа диета се стекна со слава во 2013 година, а Бијонсе и сопругот Џеј Зи веднаш ја испробаа. Наводно, обајцата биле воодушевени од резултатите. 

Вообичаено, музичарката ја држи пред големите турнеи, како би ги елиминирала масните наслаги, за кои честопати истакнува дека најповеќе ѝ се таложат околу колковите.

shto-kje-jade-bijonse-narednite-44-dena-5.jpg

Диетата „22 дена“ вклучува 100% органска храна без глутен, без соја и без ГМО додатоци. Исто така, таа не поддржува замрзнати состојки (освен овошје – кое е дозволено). А, покрај тоа што е корисна за изгледот, мошне поволна e и за животната средина, тврдат нејзините креатори.

Па, како точно се спроведува програмата?

За појадок, претежно се јадат чиа семки, бадемово млеко, житарки и свежо овошје. На пример, Бијонсе првиот ден го започнува со пудинг од чиа семки со вкус на ванила и една шолја бобинки.

Другпат, пак, наутро консумира банана и овесна каша со бадемово млеко. При крајот на режимот, појадокот ѝ е смути од замрзната банана, половина шолја замрзнато манго, една чаша варен спанаќ, помешани со една шолја кокосова вода и половина авокадо.  

shto-kje-jade-bijonse-narednite-44-dena-6.jpg

На ручек, пак, се приготвува зеленчук, при што најголем извор на масти и протеини се гравот и авокадото. Еден од оброците ѝ е крцкава салата од црвена зелка и зелено јаболко со сусам, плус сладок компир на коцки.

Со задоволство јаде и густа крем супа од авокадо и морков, во комбинација со зачинета тајландска салата, која е мешавина од кељ, зелена и црвена зелка, како и манго.

shto-kje-jade-bijonse-narednite-44-dena-7.jpg

Вечерите ѝ се главно резервирани за салати и хумус со зеленчук. Меѓу нив е миксот од кафеав ориз и леќа со свежа салата и прелив по желба, но и салатата со рукола, семки од тиква, гоџи бобинки и карфиол. 

За да остане сита додека е на диетата, на менито на пејачката има и ужинки и десерти, а за повремените слатки „искушенија“, постојат специјални чоколатца кои се наменети единствено за ваквиот режим на исхрана.

shto-kje-jade-bijonse-narednite-44-dena-8.jpg

Преку социјалните мрежи, Бијонсе ги повика и своите фанови и следбеници да ѝ се приклучат. За истрајноста на музичката дива нема никаков сомнеж, бидејќи веќе низа пати докажа дека упорноста ѝ е јака страна. Сепак, не сме баш сигурни колкумина би издржале на тој пат. Дали сте вие едни од нив?

Пред да донесете одлука, погледнете како изгледаат дел од оброците што таа ќе ги јаде наредните 44 дена:

M. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg