Моментално најпопуларна: Јапонска диета со банани
Со минимална измена во дневното мени, оваа јапонска диета ветува дека ќе изгубите 5 до 7 килограми.
Јапонската диета е всушност утрински ритуал кој има потенцијал да ви ја намали тежината.
Основното правило е за појадок да јадете банани со неколку чаши вода на собна температура.
Се препорачуваат максимум 4 банани, како и 2 чаши млака вода наутро, додека останатите оброци во денот треба да бидат здрави, свежи, лесни.
Изумителите на оваа диета велат дека нема строги правила што смее, а што не смее да се јаде, туку само да избегнувате тешка и преработена храна.
Диетата со банани и млака вода се препорачува да ја практикувате максимум 12дена.
Последниот оброк треба да ви биде 4 часа пред спиење.
Во текот на диетата не се препорачува алкохол, кафе и десерти.
М. Д. | Црнобело