Летна диета со малини која покажува резултати за 3 дена
Малината е превкусно летно овошје полно со минерали, антиоксиданси и витамини Ц, Б1 и Б12. Одличната комбинација на хранливи состојки може да помогне во намалувањето на вишокот килограми.
Благодарение на растителните влакна, малините ја задржуваат ситоста подолго, а една полна чаша малини содржи помалку од 70 калории.
Исто така, луѓето кои имаат проблеми со холестерол, со работата на бубрезите или со висок притисок, можат почесто да ги консумираат.
Доколку се практикува начин на исхрана со малини, може да се изгубат и 2-3 килограми за три дена.
Токму три дена трае летната диета со малини, којашто вклучува 4-5 оброци во текот на денот, од кои барем еден треба да содржи протеини од животинско потекло.
Прв ден:
Појадок: 1,5 чаша малини со шест лажици несолена урда или 4 парчиња младо сирење
Ужина: Милкшејк со малини
Ручек: Пилешки стек со домат
Десерт: Две чаши малини
Вечера: Милкшејк со малини
Втор ден:
Појадок: 100 g малини
Ужина: 150 g малини
Ручек: Филет бела риба и 100 g зеленчук како прилог
Вечера: 200 g малини и 100 g ореви
Трет ден:
Појадок: Една чаша јогурт и 100 g малини
Ужина: 200 g малини и неколку ореви
Ручек: 150 g говедско месо и салата од зелка и моркови
Вечера: Две печени јаболка со ореви и една чаша свежи малини
Напомена: Количината на малини која ќе ја изедете во овие денови ќе ви помогне побрзо да ги согорувате вишокот масти и калориите. Месото е задолжително поради ефектот на „прочистување“ којшто се случува со јадењето малини, односно снабдување на телото со доволно животински протеини за време на режимот на исхрана.
Не ја држете диетата подолго од три дена. Повторете по најмалку три недели.
Е. Д. | Црнобело