Воена диета: Начин на исхрана со кој може да намалите 4 килограми за 3 дена

Воената диета е една од најпопуларните, брзи диети поради неверојатни резултати за прилично краток период.

voena-dieta-nachin-na-ishrana-so-koj-mozhe-da-namalite-4-kilogrami-za-3-dena-01.jpg

Таа се темели на мали оброци кои се направени да ви дадат видливи резултати со согорување на вишокот масти и забрзување на метаболизмот со што би можеле да изгубите и до 4 килограми во само 3 дена.

Бројот на калории кои се дозволени со оваа диета е прилично низок во споредба со останатите диети и изнесува само 1.000 калории на ден.

Сепак, доколку се одлучите да го примените овој начин на слабеење, се препорачува претходно да се консултирате со доктор и да се уверите дека сте во добра здравствена состојба за да ја поднесете ригорозната диета.

Диетата трае три дена во неделата со калориска рестрикција до 1.000 калории дневно, а по истекувањето на тие три дена се прави пауза од 4 дена кога се препорачува внесување на 1.500 калории на ден.

Доколку сакате да изгубите поголем број на килограми можете да ја повторите диетата, но сепак овој ригорозен начин на исхрана не се препорачува за подолг временски период.

Во продолжение погледнете пример за тридневно мени. 

Прв ден

Појадок

  • 1/2 грејпфрут
  • 1 парче тост лепче
  • 2 лажици путер од кикиритки
  • 1 шолја кафе или чај

voena-dieta-nachin-na-ishrana-so-koj-mozhe-da-namalite-4-kilogrami-za-3-dena-02.jpg

Ручек

  • 115 грама туна
  • 1 парче тост лепче
  • 1 шолја кафе или чај

voena-dieta-nachin-na-ishrana-so-koj-mozhe-da-namalite-4-kilogrami-za-3-dena-03.jpg

Вечера

  • 85 грама зготвено месо по желба
  • 150 грама грашок
  • 1/2 банана
  • 1 мало јаболко
  • 1 топка сладолед од ванила

voena-dieta-nachin-na-ishrana-so-koj-mozhe-da-namalite-4-kilogrami-za-3-dena-04.jpg

Втор ден

Појадок

  • 1 јајце
  • 1 парче тост лепче
  • 1/2 банана

voena-dieta-nachin-na-ishrana-so-koj-mozhe-da-namalite-4-kilogrami-za-3-dena-08.jpg

Ручек

  • 200 грама свежо сирење
  • 1 варено јајце
  • 5 мали крекери

voena-dieta-nachin-na-ishrana-so-koj-mozhe-da-namalite-4-kilogrami-za-3-dena-09.jpg

Вечера

  • 2 виршли
  • 175 грама варена брокула
  • 25 грама моркови
  • 1/2 банана
  • 1 топка сладолед од ванила

voena-dieta-nachin-na-ishrana-so-koj-mozhe-da-namalite-4-kilogrami-za-3-dena-10.jpg

Трет ден

Појадок

  • 5 крекери
  • 1 парче кашкавал (пр. гауда)
  • 1 мало јаболко

voena-dieta-nachin-na-ishrana-so-koj-mozhe-da-namalite-4-kilogrami-za-3-dena-05.jpg

Ручек

  • 1 варено јајце
  • 1 парче тост лепче

voena-dieta-nachin-na-ishrana-so-koj-mozhe-da-namalite-4-kilogrami-za-3-dena-06.jpg

Вечера

  • 230 грама туна
  • 1/2 банана
  • 1 топка сладолед од ванила

voena-dieta-nachin-na-ishrana-so-koj-mozhe-da-namalite-4-kilogrami-za-3-dena-07.jpg

Во текот на денот се препорачува да се бие барем 2 литра вода. Пиењето на кафето и чајот се исклучително без шеќер или други засладувачи во кои се вклучува и млекото.

За подобри резултати се препорачува дневна прошетка од минимум 30 минути.

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg