Мали промени со кои ќе спречите дебелеење на средовечна возраст
Според научниците, метаболизмот почнува да работи побавно за 2% секоја декада после 20-тите години.
Со стареењето, луѓето исто така поретко се движат, а бавниот метаболизам, малата физичка активност и нездравите навики за јадење може многу полесно да доведат до дебелеење, како и здравствени проблеми во средовечните години.
Сите се запознаени со тоа дека на оваа возраст е многу полесно дебелеењето, па затоа е подобро однапред да направите некои работи за да го спречите тоа кога ќе дојде тој период.
Во продолжение, неколку стратегии кои ќе ви помогнат да го подобрите метаболизмот и да спречите дебелеење:
Одете редовно на доктор
Накачувањето тежина во средовечните години може да биде заради проблеми со здравјето, како нарушувања на состојбата на некои жлезди.
Држете се до секојдневната рутина
Недостатокот на сон може да се поврзе со голем внес на храна во текот на денот, а тоа води и до дебелеење.
Ако не можете да се наспиете, на телото му е потребна плус енергија за неколку часа плус додека сте будни, и почнува да чувствува глад. Како резултат на тоа, јадете повеќе и се дебелеете.
Не го прескокнувајте појадокот бидејќи тој го буди метаболизмот и го одржува во текот на цел ден. Одберете оброк полн со витамини и влакна, како овесни снегулки со јаткасти плодови или бобинки. Може да појадувате и омлет со зеленчук.
Држете се до распоредот секојдневно и внесувајте делумно иста храна.
Бидете активни
Многу почесто се случува луѓето да одберат да седат пред телевизор и да не прават ништо, наместо да изберат прошетка, дури и на 20 минути.
Со тоа, се создава слој целулит и сало од кој е многу потешко да се ослободите на постари години.
Затоа е важно со време да почнете да наоѓате време да вежбате барем 3 пари неделно за да не дојде до дебелеење понатаму.
Пијте доволно вода
Добро познат факт е дека пиењето вода половина час пред јадење може да ви го наполни стомакот, со што потоа ќе јадете помалку, но исто така водата и го забрзува метаболизмот.
Јадете производи кои го забрзуваат метаболизмот
Истражувањата покажале дека 4 шолји зелен чај на ден може да ја намалат тежината на телото, како и крвниот притисок.
Рибата и лутите пиперки се исто така меѓу производите кои помагаат во согорување масти, а омега-3 масните киселини кои се наоѓаат во масните риби може да го намалат апетитот.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





