7 очигледни знаци дека диетата не ви одговара
Дури и ако диетата ви помага лесно да ги намалите килограмите, не значи дека е вистинската за вас. Негативностите може да се одразат на целокупното здравје, па од клучно значење е да ја најдете диетата која ви одговара.
Но, како да знаете која диета ви одговара а која не?
Експертите велат дека има 7 предупредувачки знаци кои значат дека треба да ја прекинете диетата:
1. Глад
Многумина сметаат дека гладот за време на диета е нормална појава, но грешат. Недостатокот на хранливи материи најчесто нè тера да посегнеме по празни калории во облик на нездрави грицки.
2. Постојан замор
Ако долго време не сте се разбудиле наспани, а спиете во просек по 8 часа, веројатно треба да го разгледате дневното мени и да промените нешто во него. Погрижете се да внесувате доволно калории, железо и вода.
3. Проблеми со варењето на храната
Речиси сите проблеми со дигестивниот систем произлегуваат од неправилна исхрана.
4. Лош здив
Доколку избегнувате јаглехидрати, во телото се формираат кетони кои испуштаат непријатен мирис.
5. Чести настинки
За да се заштитите од бактериите и вирусите, ви треба добар имунолошки систем и енергија. Па, ако диетата не ви го овозможува тоа, многу лесно ќе легнувате болни.
6. Проблеми со косата
Секоја промена и губење на косата може да биде знак дека ви недостасуваат протеини во исхраната.
7. Чести главоболки
Главоболката е природна реакција на телото на стрес. А, кога исхраната е лоша, стресот си доаѓа природно.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





