40 причини зошто диетите не ви делуваат
Ако јадете многу, а сте неактивни, очекувано е да се здебелите. Но, ако се трудите да живеете здраво и активно, често пробувате различни диети, но ниту една го нема посакуваниот резултат, веројатно правите една од следниве 40 грешки.
Пред да се наполните со фрустрации, обидете се да ги коригирате овие постапки:
1. Јадете житарки за појадок
Луѓето кои јадат засладен појадок се погладни во текот на денот за разлика од оние кои консумираат солен појадок.
2. Ставате многу шеќер во кафето.
3. Јадете леб од цели зрна и мислите дека внесувате помалку калории.
Всушност, лебот има ист број на калории, но е поздрав. Сепак, тоа не значи дека не треба да внимавате на количината.
4. Не ги читате етикетите на производите кои ги внесувате.
5. Пиете премногу сокови.
6. Додавате намази и сосови на секој оброк.
7. Избегнувате млечни производи.
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои внесуваат доволно калциум во просек се послаби од оние кои избегнуваат секакви млечни производи.
8. Имате пријатели кои не внимаваат на својата исхрана.
9. Ги следите сите кулинарски емисии, а тоа ви го зголемува апетитот дури и кога не сте реално гладни.
10. Не џвакате доволно долго.
11. Постојано нешто грицкате кога сте во канцеларија или пред телевизор.
12. Јадете од големи чинии.
13. Не спиете доволно.
14. Не сте мотивирани за било каков напредок.
15. Непријатно ви е да одбиете храна кога некој ќе ви ја понуди.
16. Ги избегнувате огледалото и вагата.
17. Осамени сте.
Истражувањата покажуваат дека осамените личности се склони на прејадување.
18. Под стрес сте.
Стресот го охрабрува телото на ги собира маснотиите околу стомакот.
19. Јадете додека гледате телевизија.
20. Купувате секаква храна.
Истражувањата покажуваат дека колку помала залиха и избор имате, толку помалку ќе јадете.
21. Неодамна сте се развеле или стапиле во брак.
Звучи смешно, но промената на љубовниот статус и тоа како влијае на линијата.
22. Додека јадете слушате музика.
Колку што музиката е поагресивна, толку повеќе ќе изедете.
23. Вежбате само јога.
Јогата има предности, но таа нема да ви помогне да ги намалите килограмите и не ви е доволно силен сојузник во диетата.
24. Воопшто не вежбате.
25. Дигате претешки тегови.
26. Имате периоди кога прегладнувате и периоди кога се прејадувате.
27. Со текот на годините не ја намалувате количината на храната која ја внесувате.
28. Родителите и блиските ве уценуваат да ослабете.
29. Избегнувајте одредени намирници, претерувате со други.
Балансот е клучот.
30. Полни сте со погрдни зборови за себе
31. Внесувате антидепресиви.
32. Патите од полицистични јајници.
33. Неодамна престанавте да пушите, па тоа се одразува на апетитот.
34. Ја избегнувате омилената храна.
Наместо целосно да ја исклучите од менито, консумирајте ја поретко и во помали количини.
35. Го прескокнувате појадокот.
36. Не знаете да процените колку храна ви е доволно, па ја преполнувате чинијата.
37. Јадете малку овошје и зеленчук.
38. Пиете многу алкохол.
39. Не водите евиденција што и колку јадете.
За почеток, добро би било да водите дневник кога, што и колку сте внеле.
40. Пиете премалку вода.
М. Д. | Црнобело