Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате
Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските научници, нордиската диета која се состои од 5 помали оброци ви овозможува брзо да го стопите вишокот килограми, а да не се изгладнувате.
Нордиската диета, заедно со медитеранската се смета за една од најздравите во светот.
Оваа диета вклучува исхрана со морска храна, овошје, зеленчук, мешунки и цели зрна, а на тие што ја пробале им се допаѓа затоа што не станува збор за претерано ригорозна диета.
Диетата била осмислена од научниот тим на Универзитетот Копенхаген, составен од нутриционисти, научници и готвачи, а целта била да им се помогне на луѓето од скандинавските земји да се справат со зголемениот проблем со гојазноста.
Нордискиот начин на исхрана ги дозволува речиси сите видови на овошје и зеленчук, а во прв план ги става боровинките и останатите бобинки, но и јаболките, крушите и сливите.
Од зеленчук се препорачува поголема консумација на цвекло, морков, праз, тиква, компир и кромид.
Пожелно е дневно да се консумира околу една рака јаткасти плодови.
Особено важно е секој ден да консумирате риба и други морски плодови, додека консумирањето месо треба да се ограничи на еднаш неделно.
Исто така, млеко и јајца може да се консумираат најмногу трипати неделно, а забрането е консумирањето сокови и каква било преработена храна.
Нордиската диета, уште ја нарекуваат и „Мени на Викинзите“ а со неа може да загубите до 5 килограми за 15 дена.
Идејата е дневно да се внесува органска храна и да се намали консумацијата на процесирано месо, а при изборот на тестенини треба да се избираат производи од цело зрно.
Менито треба да се прилагодува според сезонски достапната храна, а планот за исхрана дозволува едно мени да го консумирате и два дена едноподруго за да избегнете да фрлате остатоци.