Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми
„Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во училиште и градинка, одам на тренинг. Кога физичката активност ќе стане дел од вашиот ден, веќе нема да ве мрзи да вежбате. Не сум од оние на кои им се допаѓа вежбањето, но кога ќе ги видам придобивките, не само физички, туку и психички, не размислувам да прескокнам тренинг“ - вели Наташа Беквалац, која со новиот начин на исхрана и вежби ослабе 10 килограми.
Српската пејачка Наташа Беквалац (42) важи за една од најзгодните и најфит дами на српската музичка сцена.
Беквалац вели дека често мачи мака со килограмите и поради тоа направила промени во исхраната, па успеала да ослабе 10 килограми и сега има 58kg.
Наташа откри дека претходно имала 68 килограми, но намалила 10 за еден месец, откако од своето мени го исфрлила тестото и уште неколку продукти кои дебелеат и ѝ го отекуваат стомакот.
„Ги исфрлив печивата, компирите, сојата, гравот, боранијата, сите видови тестенини, грашокот, оризот, грицките, слатките и соковите. Овошје јадев само во недела. Така успеав за кратко време да го изгубам вишокот килограми“ - рече пејачката во интервју за „Блиц“.
Наташа тврди дека диетата што ја држела е сон на секоја жена, бидејќи не морала да се откаже од многу работи.
„Ми беше дозволено да јадам секакво месо, но не смеев да јадам премногу маснотии. Јадев дури и јајца на секакви начини, млечни производи, но не претерував со сирење и фета сирење. Конзумирав свеж зеленчук во неограничени количини.
Најмногу јадев зелка, зелена салата, краставица, карфиол, брокула, кромид и домати, но и јаткасти плодови. Пиев по два ипол литри вода дневно“ - вели Наташа.
Пејачката вели дека клучот за успехот лежи во редоследот по кој се внесуваат намирниците.
„Првите шест дена од неделата јадев сè, од салата до месо, а седмиот ден за појадок и ручек храна од ‘забранетата листа’ како тестенини, компири и ориз.
Воопшто не јадев слатки – само тоа е забрането.
А ако сакав некаков десерт, земав една лажица мед или интегрален бисквит. По седмиот ден сè тргнува од почеток и така стигнав до посакуваните резултати“ - вели пејачката.
Но, освен што била на диета, Наташа се посветила и на вежбањето, па имала редовни тренинзи, 5 пати неделно по 45 минути.
„Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Потоа ги носам на училиште и градинка, па одам на тренинг.
Кога физичката активност ќе стане дел од вашиот ден, веќе нема да ви биде тешко и нема да ве мрзи да вежбате.
Не сум од оние на кои им се допаѓа вежбањето, но кога ќе ги видам придобивките, не само физички, туку и психички, не размислувам да прескокнам тренинг“ - додава пејачката.
Што вклучува менито за еден ден од диетата на Наташа Беквалац?
Појадок: Пржени јајца и зелена салата;
Ручек: Бело месо и краставица;
Вечера: Риба со зеленчук;
Дополнителен совет: Земете малку мед ако ви се јаде благо.
Погледнете уште неколку фотографии од Наташа во продолжение:
А. Ј. | Црнобело