6 трендови во уредување на ентериер кои треба да исчезнат во 2022, според експертите
Некои експерти велат дека им е здодеано од што ја има сивата боја насекаде и им изгледа како луѓето да не сакаат да се заморуваат со уредувањето и дека не се креативни и сите ја бираат сивата како безбедна опција. На сцената ќе стапат разни нијанси на крем.
Експертите за уредување на ентериер велат дека некои трендови треба да ги оставиме во 2021 година.
Ендри Мурс, основачот на компанијата Morse Design, за магазинот Insider дава неколку совети.
Кои трендови треба да исчезнат во 2022, според него, но и останати експерти:
Пренагласени ѕидови и мурали во домот
И во 2022-ра ќе има многу бои, но не треба да доаѓаат во форма на еден пренагласен мурал или ѕид.
Трендовите од 90-тите
Убаво е кога се враќаат некои трендови и ни будат носталгија, но не е добро кога тие наместо да донесат забавна нота и винтиџ стил, прават домовите на луѓето да изгледаат застарено уредени.
Малку повеќе минимализам во 2022
Убаво е „слоевитото“ уредување и детали што оставаат впечаток, но нема потреба од пренатрупаност и тематско уредување.
На некои експерти им е здодеана сивата боја
Некои експерти велат дека им е здодеано од што ја има сивата боја насекаде и им изгледа како луѓето да не сакаат да се заморуваат со уредувањето и дека не се креативни и сите ја бираат сивата како безбедна опција. На сцената ќе стапат разни нијанси на крем.
Надеж да престане да се користи толку многу жолта боја во домовите
Жолтата боја ги имаше своите мигови на слава и доволно е, велат експертите, сепак сметаат дека нема така лесно да се ослободиме од цитрусните нијанси и во 2022.
Украси со зборови
Во последните години луѓето ги красеа домовите со декорации на база на букви и зборови, но препорачуваат повеќе да не се купуваат такви, туку просториите да се декорираат со некои ефектни антиквитети и мебел со текстура.
С. С. | Црнобело