8 идеи за освежување на ентериерот на домот, за малку пари
Заменете ги деталите од текстил, како завеси и прекривки, или додајте уште еден извор на светлина, како подна ламба со жолто светло.
Нормално е одвреме-навреме да сакате да направите промена во просторот во којшто живеете.
А, за ова не ни треба да потрошите цело богатство.
Некогаш доволно е да замените некои ситници за просторот да изгледа посвежо.
Осум идеи кои сигурно ќе ви се најдат:
Заменете ги деталите од текстил
Брз начин да го освежите изгледот на домот е да ги замените деталите од текстил како завеси, ќебиња, прекривки…
Ставете огледало
Големото огледало визуелно ќе ја зголеми секоја просторија и ќе направи да изгледа помодерно и постилски.
Ставете растенија
Зеленилото секогаш го разубавува просторот и доволни се две-три растенија за да забележите разлика.
Средете го хаосот
Некогаш единственото нешто што треба да го направите во домот е да се ослободите од предметите што не ги користите.
Кога ќе го исчистите домот од работи кои само ги трупате и фаќаат прашина, простор ќе изгледа почисто, посвежо, па дури и како да е нов.
А, за ова нема да потрошите ни денар.