7 грешки што треба да ги избегнувате за домот да ви делува „топло“ во есен
Користите само светли бои и имате само еден извор на светлина – кои грешки да ги избегнувате, ако сакате домот да делува „топло“ и пријатно во студените есенски денови?
Како што заладува времето, сите сакаме домот да го направиме потопло катче кое нè асоцира на есен.
Ако веќе направивте некои промени, но не сте задоволни од резултатот, можеби правите некоја од следниве грешки:
Користите само светли бои
Ако во домот ви доминираат светли нијанси, можете да го направите поудобно место со контрастни, потопли бои.
И, доволно е да ги додадете само во детали, како декоративни перничиња, ќебе, украс…
Имате само еден извор на светлина
Подните и ѕидните ламби создаваат многу попријатна атмосфера отколку светлото на таванот.
За уште поудобен простор, можете да додадете и мали сијалички, па и да запалите свеќи.
Прибор во студена нијанса
Ако чекате гости на вечера и сакате да создадете удобна атмосфера, тогаш заменете го металниот прибор со студена нијанса со нешто потопло, како бронзена.
Не купувате декорации што траат
Избегнувајте да купувате декорации што ќе ги користите само една сезона.
Многу подобро е да вложите во нешто поквалитетно што ќе изгледа подобро, но и ќе ви трае подолго.
Постелнина со студени нијанси
И бојата на постелнината може да има огромно влијание.
Во есенските денови давајте им предност на топлите нијанси.
Мали килими
Просторијата ќе изгледа многу потопло ако ставите поголем тепих, отколку само едно мало килимче.
Многу пластични украси
Нема потреба да купувате пластични есенски украси, бидејќи можете да украсите со бројни природни – шишарки, тикви, суви лисја…
Ќе ве чинат помалку, а и ќе изгледаат многу подобро.
Спирова С. | Црнобело