5 грешки во уредувањето на домот (кои прават да изгледа евтино)

Ако штедите на лустерите или ако тие се убави, но не даваат убаво осветлување, тогаш и најубавиот простор може да изгледа непривлечно и студено.

5-greshki-vo-ureduvanjeto-na-domot-koi-pravat-da-izgleda-evtino-01.jpg

Моли Вудворд-Мур од Велика Британија е дизјанер на ентериер. Таа за магазинот The Sun открива кои се најчестите грешки кои луѓето ги прават при уредувањето и со тоа му даваат евтин изглед на домот.

5-greshki-vo-ureduvanjeto-na-domot-koi-pravat-da-izgleda-evtino-02.jpg

Топ 5 грешки:

Пренагласени рамки

Овој тип на рамки на ѕидовите некогаш креира баланс и хармонија, но кога е пренагласено прави чувство на пренатрупаност во просторот.

Истото се случува и кога ќе се претера со завеси од кадифе, мебел со огледала и превпечатливи украси. Наместо луксуз, просторот почнува да личи на кич.

5-greshki-vo-ureduvanjeto-na-domot-koi-pravat-da-izgleda-evtino-03.jpg

Лошо избрани лустери

Ако штедите на лустерите или ако тие се убави, но не даваат убаво осветлување, тогаш и најубавиот простор може да изгледа непривлечно и студено.

Важно е да имате повеќе извори на светлина, кои ќе ги користите во различни пригоди за да креирате различен тип на атмосфера.

Исто така, треба да внимавате на деталите, на пример до столицата за читање да имате ламба која ќе му дава топлина на овој дел од дневната соба.

5-greshki-vo-ureduvanjeto-na-domot-koi-pravat-da-izgleda-evtino-04.jpg

Вештачки растенија

Тие изгледаат пластично и просторот го прават безживотен.

Навистина не бараат одржување, како наводнување и светлина, но собираат прашина и нечистотии, па треба да ги чистите редовно.

5-greshki-vo-ureduvanjeto-na-domot-koi-pravat-da-izgleda-evtino-05.jpg

Генерички декорации

Наместо веќе видени фрази, напишете нешто свое. Навистина се безлични фразите кои ги гледаме во секој втор дом.

5-greshki-vo-ureduvanjeto-na-domot-koi-pravat-da-izgleda-evtino-06.jpg

Погрешни димензии на мебел

Ако погрешите со димензиите на мебелот, може да направите просторот да изгледа небаланасирано.

Ако мебелот е преголем може да излгледа пренатрупано, ако е премал да изгледа празно.

5-greshki-vo-ureduvanjeto-na-domot-koi-pravat-da-izgleda-evtino-07.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Едноставни декорации во духот на есента (ако едвај чекате да почне) Тиквите и сувите цветови се сосема доволно за да го украсите домот во духот на е...
7 грешки што треба да ги избегнувате за домот да ви делува „топло“ во есен Користите само светли бои и имате само еден извор на светлина – кои грешки да ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg