Трикови за уредување со кои ќе ѝ дадете луксузен изглед на малата бања
Ставете плочки со апстрактен дезен наместо еднобојни ѕидови и заменете го старото огледалото со модерно и поголемо.
Предизвик е да се уреди малата бања бидејќи треба да бидете покреативни со просторот за складирање, а и да внимавате просторијата да не изгледа натрупано.
Ако го уредувате новиот дом или планирате да реновирате, веруваме дека ќе ви се најдат следниве совети.
Трикови за уредување мала бања:
Плочки со апстрактен дезен
Ако допрва ќе ја уредувате бањата или планирате целосно да ја реновирате, тогаш дајте им предност на плочките со апстрактни дезени.
Само, бидејќи станува збор за мал простор, не претерувајте – шарените плочки нека бидат само на еден-два ѕида или само на подот.
Ставете тапети
Ако плочките ви се многу работа или голем трошок, тогаш на ѕидот можете да ставите и тапет со интересен дезен.
Ставете убаво огледало
Огледалото е како акцент на бањата, па може да го промени целиот изглед.
Во мала бања, големото огледало ќе ја направи и визуелно поголема.
Направете контраст
Ако ѕидовите и плочките се светли, додајте контраст во бањата со темни нијанси на шкафчињата, вратата и слично.
Или, можете да создадете контраст со еден темен ѕид и светли елементи.