6 трикови во уредувањето со кои ќе го направите домот визуелно поголем
Избегнувајте теписи кои го покриваат целиот под, а наместо повеќе мали, на ѕидот закачете една голема слика или фотографија.
Ако имате мал дом, треба да бидете повнимателни во уредувањето бидејќи некои детали можат да го „задушат“ просторот и да направат да изгледа уште помал.
Неколку совети што треба да ги имате предвид:
Избегнувајте подни и столни ламби во спалната
За да заштедите простор, многу подобро е да ставите ѕидни ламби.
Можете да закачите и фенери, како на фотката десно.
Купувајте мебел со ногарки
Во дневната, наместо гарнитура која стои на подот, купете гарнитура со повисоки ногарки кои се гледаат.
На овој начин се создава илузија на пространост.
Наместо повеќе мали, на ѕидот ставете една голема слика
Многуте мали слики закачени на ѕидот можат да го задушат малиот простор.
Ако сакате да ставите нешто на ѕидот, тогаш подобро закачете една голема слика.
Закачете ги завесите што е можно повисоко
Ако ги ставите корнизите во висина на таванот, просторијата ќе изгледа повисока.
Избегнувајте големи теписи
Во малата дневна, наместо да ставите тепих што го покрива целиот под, одберете помал модел кој го зафаќа само делот со гарнитурата.
Ова ќе ја направи просторијата визуелно поширока.
Закачете ги полиците високо
Наместо полици кои стојат на подот, во малата просторија ставете полици кои се закачени што повисоко на ѕидот.
Ова ќе ја направи просторијата поширока, но и ќе ви заштеди простор.
Спирова С. | Црнобело