Спој на луксуз и свежина – Идеи како да ја уредите бањата со зелени плочки (фото)
Зелената боја смирува, а лесно се вклопува во бањата бидејќи изгледа одлично со белаta, која е чест избор за елементите како мијалник и када.
Ако го уредувате новиот дом или планирате да ја реновирате бањата, а не сакате монотон ентериер, можеби треба да размислите за зелени плочки.
Факт е дека зелената боја делува смирувачки, а може многу добро да се вклопи во бањата.
Изгледа одлично со бела боја која е најчесто избор за мијалник, када и слично.
Добро ќе се вклопи и ако имате некои кафеaви елементи, како дрвени шкафчиња.
Притоа, на зелените плочки помалку се познаваат нечистотии за разлика од белите, што значи и одржувањето ќе ви биде многу полесно.
Нијанси на зелена има безброј, но за похармоничен ентериер, дајте им предност на понеутралните.
Темнозелената, пак, може да биде добар избор ако имате поголема бања бидејќи ќе му даде доза луксуз на просторот.
Неколку фотки за инспирација:
Спирова С. | Црнобело