4 трендови за уредување на двор што се хит сезонава (и 3 кои се демоде)
Наместо пластични вазни за цвеќиња, изберете керамички со рустикален изглед, а големите зелени површини заменете ги со декорации и цвеќиња. Кои трендови за уредување на дворовите ќе бидат хит на сезоната 2024, а кои треба да ги прескокнете?
Убаво уредениот двор е првото нешто што луѓето што доаѓаат во вашиот дом ќе го видат.
Тоа е идеално место за пролетните и летните седенки, за дружби, но и може значително да ја крене цената на вашиот имот и да оддаде впечаток дека сте уредна личност која внимава на секој детаљ од домот.
Ако планирате преуредување на дворот и на надворешниот простор во вашиот дом, разгледајте ги идеите од светски познатите дизајнери на екстериер, кои одговараа на прашања за Insider.
Што е модерно, а што се смета за демоде?
Рустикални елементи
Во светски рамки мошне популарни се т.н. wabi-sabi елементи, односно декоративни елементи кои изгледаат старо и рустикално.
Во подем се елементи кои се изработени од органски материјали, па така за еден дел од дворот можете да испланирате декорации со стари тули или растенија засадени во керамички вазни или саксии кои изгледаат старо.
Шарени чадори во дворот
Доколку вашиот двор е само со зелена трева и бетонско место за седење, без многу цвеќиња и декорации, шарените чадори се одлична можност да додадете повеќе боја во дворот.
Можете да изберете интересен чадор со смели бои и интересен дизајн.
Дрвени пергола тенди
Во светски рамки мошне популарни се т.н. пергола тенди изработени од дрвена конструкција и природни материјали.
Тие се одличен додаток во дворот и за деновите кога е сончево, па ви треба заштита од сонцето, а сакате модерен и впечатлив изглед на просторот.
Мали градини со зеленчук
Освен што ќе ви овозможат да имате постојано свеж зеленчук, тие може да бидат одличен додаток во вашиот двор.
Нема потреба да садите големи површини, доволно ви е еден мал дел од дворот да го заградите и во него да го засадите вашиот омилен зеленчук.