6 знаци дека ентериерот ви е како затворска ќелија (и како да ги коригирате грешките)

Стерилен простор без украси, целиот мебел залепен за ѕидот - некои грешки во уредувањето на домот прават просторот да делува како затворска ќелија, а не удобно место за живеење.

6-znaci-deka-enterierot-vi-e-kako-zatvorska-kjelija-i-kako-da-gi-korigirate-greshkite-01.jpg

Дали ви се случило да погледнете во просториите во домот и иако сè е на место и убаво подредено, сепак ентериерот да ви делува здодевно?

Ако одговорот е да, верувајте, не сте единствените што мислат така. Иако вашиот дом е прекрасен, сепак е стерилен, како затворска ќелија.

Што треба да направите за да го смените тоа?

Стерилен простор

Многу домаќинства ја бркаат идејата за совршен ентериер, како на фотографиите на интернет, па оставаат многу површини во домот празни - без книги, фотографии, украси - сè што имаат е ставено во некој плакар.

Убаво е да постои ред во домот, но стерилноста ја убива целата удобност и го  прави местото во кое живеете студено, наместо топло и пријатно катче.

6-znaci-deka-enterierot-vi-e-kako-zatvorska-kjelija-i-kako-da-gi-korigirate-greshkite-07.jpg

Празни ѕидови

Многу луѓе не ставаат ништо на ѕидовите од страв дека ќе останат дупки, траги од шајки или од дуплофан на местата каде што закачиле слика или некој украс.

Како резултат на тоа, ентериерот делува здодевен и студен, баш како затворска ќелија.

6-znaci-deka-enterierot-vi-e-kako-zatvorska-kjelija-i-kako-da-gi-korigirate-greshkite-02.jpg

Сè во една боја

Монохроматскиот изглед не е идеален за уредување, бидејќи поради едната боја, парчињата мебел се стопуваат со ѕидовите, на пример и ентериерот делува како една огромна просторија без почеток, крај и детали.

Ако сакате монохроматски ентериер, додадете барем 1 или 2 парчиња во друга нијанса, но и предмети во истата боја со текстура, за да го „оживеат“ просторот.

6-znaci-deka-enterierot-vi-e-kako-zatvorska-kjelija-i-kako-da-gi-korigirate-greshkite-06.jpg

Целиот мебел е залепен до ѕидот

Ако креветите ви се залепени до ѕидот, а притоа и телевизорот ви е закачен на ѕидот, а покрај ѕид ви се и украсните цвеќиња (за да имате слободен простор во средината на собата, на пример), верувајте, собата ќе ви делува чудно и смешно.

Дајте му „длабочина“ на просторот така што дел од предметите ќе ги одвоите од ѕидовите.

6-znaci-deka-enterierot-vi-e-kako-zatvorska-kjelija-i-kako-da-gi-korigirate-greshkite-03.jpg

Едноличен мебел

Ако целиот мебел во една просторија ви е од еден тип, тогаш ентериерот делува здодевно.

Ставете едно столче или фотелја од друг вид за да ја разбиете монотонијата и да му дадете живост на просторот.

6-znaci-deka-enterierot-vi-e-kako-zatvorska-kjelija-i-kako-da-gi-korigirate-greshkite-05.jpg

Ентериер кој е ист како внатрешноста на секој друг дом

Бела боја на елементите во кујната, мал лустер, сиви столчиња, мал килим - ваквиот ентериер потсетува на голем број домови, а му недостига индивидуалност, личен печат и топлина, па затоа избегнувајте да го уредите просторот како повеќето луѓе.

6-znaci-deka-enterierot-vi-e-kako-zatvorska-kjelija-i-kako-da-gi-korigirate-greshkite-04.jpg

А. Ј. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

7 креативни идеи да ги декорирате празните ѕидови во домот (а да не е само со уметнички слики) Шарени тапети, пастелни бои на ѕидот, „зелена градина“ наместо уметничка слика.....
Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан Завеси на прозорците, темен под, ... сите овие работи прават малиот простор да и...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg