Панделки, носталгија: 9 трендови за новогодишно украсување за крајот на 2024
Oд „обвивка“ за ногарките на елката до ретро црвени свеќи и многу панделки, како на крајот од 2024-та ќе си ја вратиме магијата од минатото?
Дизајнери на ентериер за магазинот „Hearst Magazines“ откриваат кои се трендовите за празничното украсување за крајот на 2024-та година и дочекот на 2025-та.
Тие се согласни дека ќе ни се врати магијата од минатото со повторно актуализирање и главен фокус на црвената и зелената боја.
Трендови за празнично украсување за 2024:
Украс во форма на „обвивка“ за ногарките на елката
Тие се кул и модерни и ќе ѝ дадат сосема нов изглед на вашата елка.
Панделки насекаде
Најголем тренд за претстојната празнична сезона ќе бидат панделките. Тие се едноставни, евтини и внесуваат празнична атмосфера. Може да бидат во бургунди боја годинава или пак во боја по ваш избор.
Врв на елката во вид на џиновска панделка
Ќе ѝ даде сосема нов изглед на вашата стара елка.
Рачно изработени декорации
Овие едноставни декорации, изработени со многу љубов, даваат посебна топлина и природност. Од гранки и шишарки до орнаменти од дрво, изборот е на вас.
Декорација божиќно село од дрвени куќички
Оваа година фокусот ќе биде на носталгијата, а дрвените куќички кои ни враќаат спомени од детството ќе ви направат топло во срцето.
Уште 4 трендови на следната страница...
Би можело да ве интересира:





