6 трендови за уредување што ќе доминираат во 2025-та, според дизајнери на ентериер
Детали во црвена како цреша, но и риги на завесите, тепихот, перничињата… Кои трендови ќе бидат хит во новата година?
Минимализмот повеќе не е хит, туку попопуларен е максимализмот.
Исто така, освен црвената и зелената кои ќе бидат тренди, поголема предност ќе им се дава на неутралните бои кои лесно се вклопуваат секаде.
Кои трендови за уредување ќе бидат хит во 2025-та?
Детали со црвена како цреша
Црвената нијанса на цреша веќе е популарна, особено кај помладите.
Според експертите, најголем хит ќе биде за детали во спалната соба.
Максимализам
Шаренило, разни украси, измешани стилови – максимализмот е трендот што ќе ја одбележи 2025 година.
Сепак, ако се одлучите за максимализам, треба да внимавате просторијата да не делува хаотично, односно внимателно да комбинирате бои, дезени и материјали.
Риги
Ригите ќе бидат популарни на разни елементи од домот – од тепих и завеси, до перничиња.
Зелени детали
Зелената секогаш е популарна поради нејзиното релаксирачко дејство.
Можеби најпопуларни ќе бидат гарнитурите со зелена боја.
Мултифункционален мебел
Кога ќе се земе предвид дека луѓето сè почесто купуваат помали домови, јасно е од каде потекнува популарноста на мултифункционалниот мебел.
Овие парчиња беа хит и минатата година.
Неутрални бои
Додека во 2024-та им се даваше предност на смелите бои, особено на ѕидови, освен црвената и зелената, во 2025 година подоминантни ќе бидат неутралните нијанси.
Најмногу поради нивната практичност и фактот што лесно се вклопуваат во секаков стил.
Спирова С. | Црнобело