„Сакам кога амбиентот има душа, кога личи на луѓето што живеат во него, кога се гледа нивниот личен печат во просторот. Така знаете дека уживаат во своето катче, дека им е убаво кога се дома. А дома не е дома без книги, ние имаме голема библиотека, и многу слики, мои и од татко ми. Чуваме мачор и куче“, вели Александра од Скопје.