На гости кај Александра: Одлично уредена семејна куќа во Охрид (фото)
- Детали
- сабота, 13 февруари 2021
„Kуќата ја реновиравме од корен пред три години, сакавме многу чист, скоро скандинавски изглед со светли бои и затоа преовладуваат белата и сивата боја“, вели 34-годишната Александра за својата куќа од 110 квадратни метри.
Александра Устијаноска (34) од Охрид работи како софтвер тестер и Database администратор. Во слободно време води социјални мрежи на неколку брендови.
Заедно со сопругот Иван и синчето Кристијан (2) живее во куќа од 110 квадратни метри.
За уредувањето на нејзиниот дом таа открива за CRNOBELO.com:
„Kуќата ја реновиравме од корен пред три години, но сепак ни фалат уште многу, многу детали.
За почетокот на проектот „реновирање“ се консултиравме со архитект околу планот и распоредот, но сè околу мебелот, стилот и деталите беше наша замисла, идеја и реализација.
Како што може да видите од сликите во продолжение сакавме многу чист, скоро скандинавски изглед со светли бои, но го искомбиниравме со други стилови за да внесеме диверзитет и да го добиеме токму тоа што го сакаме.
Белата, боја преовладува иста како и нијанси на сива кои даваат чувство на чистина, баланс и неутралност.
Дрвениот под како и дрвените детали ја даваат топлината и удобноста на домот.
Многу сакам растенија, даваат живост и позитивна енергија во домот затоа ги имаме на повеќе места во домот.