Во домот на Александра и Горан: Семејна куќа во Скопје во која амбиентот „има душа“ и личен печат

„Сакам кога амбиентот има душа, кога личи на луѓето што живеат во него, кога се гледа нивниот личен печат во просторот. Така знаете дека уживаат во своето катче, дека им е убаво кога се дома. А дома не е дома без книги, ние имаме голема библиотека, и многу слики, мои и од татко ми. Чуваме мачор и куче“, вели Александра од Скопје.

vo-domot-na-aleksandra-i-goran-semejna-kukja-vo-skopje-vo-koja-ambientot-ima-dusha-i-lichen-pechat-01.jpg

Александра Хаџи-Наумова Атанасовска, визуелен уметник и илустратор, и Горан Атанасовски, графички дизајнер, живеат во куќа од 120 квадрати во Скопје.

Нивниот дом е уникатно уреден и дефинитивно има карактер.

За уредувањето тие за CRNOBELO.com споделуваат:

„Веднаш штом почнавме да живееме заедно почнавме да реновираме и не застанавме.

vo-domot-na-aleksandra-i-goran-semejna-kukja-vo-skopje-vo-koja-ambientot-ima-dusha-i-lichen-pechat-18.jpg

Куќата е голема и има одличен распоред, со огромна дневна и трпезарија, голема кујна и застаклена тераса, која е многу пријатна за седење, особено во пролет и есен.

vo-domot-na-aleksandra-i-goran-semejna-kukja-vo-skopje-vo-koja-ambientot-ima-dusha-i-lichen-pechat-07.jpg

Имаме и дворче со многу растенија, со простор за седење под убава сенка, интимно и заградено со бршлен. Во разни периоди цветаат различни цвеќиња и секогаш е убаво и поинакво.

vo-domot-na-aleksandra-i-goran-semejna-kukja-vo-skopje-vo-koja-ambientot-ima-dusha-i-lichen-pechat-21.jpg

‘Јас сум визуелен уметник и илустратор. Боите ми се најважни и многу внимавам на деталите. Лично не сакам бели ѕидови, стерилен простор и јаки светла, не сакам ни да се врзувам за одреден стил.

vo-domot-na-aleksandra-i-goran-semejna-kukja-vo-skopje-vo-koja-ambientot-ima-dusha-i-lichen-pechat-15.jpg

Сакам кога амбиентот има душа, кога личи на луѓето што живеат во него, кога се гледа нивниот личен печат во просторот. Така знаете дека уживаат во своето катче, дека им е убаво кога се дома.

vo-domot-na-aleksandra-i-goran-semejna-kukja-vo-skopje-vo-koja-ambientot-ima-dusha-i-lichen-pechat-09.jpg

А дома не е дома без книги, ние имаме голема библиотека, и многу слики, мои и од татко ми. Чуваме мачор и куче, а имаме и многу цвеќиња, јас особено сакам кактуси.

vo-domot-na-aleksandra-i-goran-semejna-kukja-vo-skopje-vo-koja-ambientot-ima-dusha-i-lichen-pechat-04.jpg

Мислам дека изборот на бои и целосното уредување на куќата многу личи на нас, и горда сум кога луѓето го забележуваат тоа. Од самиот печаток замисливме да создадеме убава атмосфера, место каде што може и да се работи и да се ужива.

vo-domot-na-aleksandra-i-goran-semejna-kukja-vo-skopje-vo-koja-ambientot-ima-dusha-i-lichen-pechat-06.jpg

Просторот не е натрупан со мебел, секое катче е обмислено и најважно ни е атмосферата да биде топла, опуштена и удобна.

И двајцата вложивме многу време и труд во планирањето и создавањето на нашиот дом, огромен дел од работите ги направивме сами, затоа процесот траеше подолго, но резултатот што го постигнавме многу ни значи’, вели Александра за уредувањето на нивниот дом.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
Локал во Скопје ни носи ретро нота - стар плакар со огледало, стомната на баба (фото) Во овој локал ќе видите плакар со огледало, каков што најверојатно сте имале во ...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
Винтиџ кафуле во Скопје, со грамофон и телефонска говорница, ја враќа магијата на минатото (фото) Место за сите романтичари кои чувствуваат носталгија за минатото, место каде има...
10 мали локали во Скопје со душа – идеални за утринско кафе или појадок Имаат по неколку масички, со љубов уредени, а во нив опива мирис на квалитетно к...
На гости кај Христина: Стан во Скопје од 80m2 уреден во минималистички стил со елементи од орев „Сакавме отворен простор со многу светлина, едноставен, со класичен, минималисти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg