Мини рај: Семејство од Велика Британија со години живее на пат во трајлер, полуксузен од куќа (фото)
- Детали
- среда, 07 април 2021
Од совршена хармонија на бои до тренди детали, домот на тркала на Либи, Спенсер и малиот Аксел е сон за многумина.
Либи и Спенсер Бехренс од Велика Британија живеат во трајлер, патувајќи, повеќе од 10 години. Кога го добиле бебето Аксел сфатиле дека не сакаат да престанат со овој животен стил, туку само купиле поголем трајлер и поубаво го уредиле.
Сега, нивниот дом на тркала изгледа полуксузно од вистинска куќа.
Либи вели дека функционалноста и едноставноста им биле клучни при уредување, но и дека сакале сето тоа да изгледа убаво.
„Нашиот мал дом е доказ дека помалку е повеќе. Само прикажете го својот карактер при уредувањето и ќе имате уникатно уреден простор“, вели Либи.
Користени се неутрални палети на бои, а Либи открива дека во малите простори најважно е вертикалното искуристување на секое ќоше. На сите страни има кошници за складирање на работи, а имаат дури и огромен гардеробер во кој може да влезат.
Тоалетот е модерно уреден, а во спалната соба имаат огромен кревет.
Погледнете како изгледа малиот, но совршен дом на тркала на ова семејство:
С. С. | Црнобело