На гости кај Андреа Атанасовска: Одлично уреден стан од 54м2 во центарот на Скопје (фото)
- Детали
- сабота, 24 април 2021
„Од својата 18-та година се преселив во Холандија, па во Германија и на крај Франција, па при уредувањето на станот бев многу внимателна да вклучам мала симболика од сите тие места низ целиот простор“, вели 26-годишната Андреа.
Андреа Атанасовска (26) од Скопје е магистер по енергетска транзиција и раководење, а моментално е вработена во семејниот бизнис за кетеринг- Далма.
Таа живее во стан од 54м2, кој се наоѓа во центарот на градот, веднаш до средното уметничко училиште.
За уредувањето на станот Андреа открива за CRNBELO.com:
„Како мој прв дом, имав желба целосно сама да го дизајнирам како би можел да содржи дел од мене и моите искуства во секое ќоше.
Единствената „логистичка“ поддршка беше мајка ми која има исклучително високо чувство за естетика и дизајн и која навистина ми помогна да пресечам кога и да имав некаква дилема.
Од својата 18-та година се преселив во Холандија, па во Германија и на крај Франција каде наредните 7 години работев на своето академско образование.
Бев многу внимателна да вклучам мала симболика од сите тие места низ целиот простор.