Предмети во домот кои сигурно не знаевте дека треба да ги заменувате со нови

Мислиме дека можеме засекогаш да го користиме истиот пластичен сад за мраз, но сепак треба да го менуваме на околу две години. Кои други предмети треба да ги менуваме по извесно време?

predmeti-vo-domot-koi-sigurno-ne-znaevte-deka-treba-da-gi-zamenuvate-so-novi-01.jpg

Некои предмети во домот навистина можат да бидат вечни. Освен ако не застарат или не се расипат, нема потреба да ги менуваме никогаш.

Сепак, постојат и предмети кои одвреме-навреме треба да ги заменуваме со нови, и тоа од разни причини.

Девет вакви предмети во продолжение:

Машина за правење кафе

Ако добро ја одржувате машината за правење кафе, би требало да ви служи околу пет години.

Некои модели би биле употребливи и до десет години, но можно е да чувствувате разлика во вкусот на кафето.

Што значи, во просек, ќе треба да ја замените машината по пет години, освен ако на самиот модел не е нагласено дека трае повеќе.

predmeti-vo-domot-koi-sigurno-ne-znaevte-deka-treba-da-gi-zamenuvate-so-novi-02.jpg

Противпожарен апарат

Од голема важност е да го замените противпожарниот апарат по најмногу десет години.

По овој период, апаратот ќе биде практично неупотреблив.

predmeti-vo-domot-koi-sigurno-ne-znaevte-deka-treba-da-gi-zamenuvate-so-novi-03.jpg

Средства за дезинфекција на раце

Иако една од главните состојки им е алкохол, и средствата за дезинфекција си имаат рок на траење.

Обично не треба да ги чувате подолго од две-три години, бидејќи потоа им се намалува способноста за уништување бактерии и вируси.

predmeti-vo-domot-koi-sigurno-ne-znaevte-deka-treba-da-gi-zamenuvate-so-novi-04.jpg

Кутија за прва помош

Барем еднаш годишно проверувајте ја кутијата за прва помош, особено ако имате отворено нешто.

predmeti-vo-domot-koi-sigurno-ne-znaevte-deka-treba-da-gi-zamenuvate-so-novi-05.jpg

Уште пет предмети на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
Ситници поради кои бањата ви изгледа хаотично (а гостите ги забележуваат) Валкан сад за сапун, луфа закачена на чешмата и стара подлога на подот – кои сит...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Знаци дека имате мувла во домот + како да се ослободите од неа Поставете сензори за температура и влажност во вашиот дом, па користете ги да го...
Чести грешки кои имаат влијание врз хигиената во бањата Ја чувате луфата во туш кабината или на кадата, крпите ги складирате во бањата и...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg