Чести грешки кои имаат влијание врз хигиената во бањата
Ја чувате луфата во туш кабината или на кадата, крпите ги складирате во бањата и не ја сушите четката за тоалетната школка.
Од сите простории во домот, најмногу бактерии има во бањата. Што значи, треба да обрнете посебно внимание на хигиената.
Но, колку и да ја чистите, можеби несвесно правите некои грешки.
Хигиенски грешки кои треба да ги избегнувате:
Луфата и сунѓерот за туширање ги чувате во туш кабината (или на кадата)
Кога ќе завршите со туширање, важно е сунѓерот или луфата добро да се исушат.
Во спротивно, од влагата речиси веднаш ќе почна да се создава мувла на нив.
А, оваа мувла може да предизвика и проблеми со кожата.
Затоа, избегнувајте да ги чувате сунѓерот и луфата во туш кабината или на кадата, туку ставете ги на место каде што ќе можат да добро да се исушат.
Чувате парфем во бањата
Влагата во бањата не е погодна за парфемите.
Истовремено, честата промена на температурата во бањата – поради туширање, па и перална – исто така може да има влијание врз парфемот.
Погрешно ја местите тоалетната хартија на држачот
Иако веројатно ќе постои вечна дебата за тоа како е подобро да ја наместите тоалетната, попрактично е крајот да биде кон надвор.
Исто така, на овој начин нема да го допирате ѕидот и со тоа да ги разнесете бактериите од него.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





