Како најлесно да ја исчистите завесата во бањата?
Ако забележите нечистотии или мувла на завесата за туширање во вашата бања, не значи дека треба да ја фрлите бидејќи можете да ја исчистите.
Ако забележите нечистотии или мувла на завесата за туширање во вашата бања, не значи дека треба да ја фрлите. Обидете се да ја исчистите во домашни услови.
Ако во бањата употребувате украсна платнена завеса за туширање, нејзиното чистење ќе ви биде прилично едноставна задача.
Проверете ја ознаката и осигурете се дали може да ја перете во домашни услови. Ако може, тогаш слободно ставете ја во машината за перење.
За ова изберете понежен циклус на перење со постудена вода и користете половина од количината на детергент што би ја користеле вообичаено.
Ако е памучна, може да ја ставите во машина за сушење, околу петнаесетина минути да ја извадите додека сè уште е влажна.
Потоа, повторно закачете ја и следниот ден веќе ќе биде исушена и притоа нема да биде истуткана.
Слободно користете го тушот во тие моменти, зашто пареата ќе помогне да се намалат наборите.
Истото важи и за завесата направена од полиестер.
Како и кај природните ткаенини, треба да користите благ детергент. Не користете премногу абразивни средства зашто тоа може да предизвика пожолтување и да го намали животниот век на вашата завеса за туширање.
Запаметете дека повеќето синтетички завеси за туширање се дизајнирани да бидат антимикробни, па затоа не треба да се мијат со премногу груби средства за чистење.
Доколку, пак, имате деликатни или украсни завеси за туширање, тогаш користете мрежеста кеса за перење со цел да ја заштитите.
За поприродна и еколошка алтернатива, во машината за перење заедно со мала количина детергент додајте една шолја бел оцет со цел да ја направите вашата завеса свежа и чиста.
М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com