Совети за чистење и одржување на мебелот од ратан, кој е хит за тераса и двор

Погрижете се добро да го исушите мебелот за да спречите оштетување од вода. Користете чиста и сува крпа за да го отстраните вишокот влага. Совети за мебелот од ратан на тераса или во двор да ви трае подолго. 

kako-da-go-chistite-i-odrzhuvate-mebelot-od-ratan-01.jpg

Во последните неколку години, мебелот од ратан станува сè повеќе популарен. Тој е издржлив, лесен и стилски, при што е одличен избор како за внатрешна, така и за надворешна употреба.

Сепак, како и при секое друго парче мебел, потребно е соодветно одржување за да остане во добра состојба и да ви служи што е можно повеќе години.

Затоа, редовното чистење на мебелот од ратан е од суштинско значење за да го продолжите неговиот животен век.

kako-da-go-chistite-i-odrzhuvate-mebelot-od-ratan-02.jpg

Методи кои може да ги употребите за да го чистите мебелот од ратан

Чистењето на мебелот од ратан бара нежен пристап, а oва се неколку начини како да го направите тоа:

Редовно бришете прашина. Користете мека крпа за да ја отстраните површинската нечистотија или прашина. Користете влажна крпа за да ја исчистите погодената област. Избегнувајте да користите премногу вода, бидејќи тоа може да го оштети ратанот.

Користете благ сапун. За потемелно чистење, измешајте мала количина благ сапун со топла вода и користете мека крпа за нежно да го исчистите мебелот. Често плакнете ја крпата за да не оставите остатоци од сапун.

Темелно исушете по чистењето. Погрижете се добро да го исушите мебелот за да спречите оштетување од вода. Користете чиста и сува крпа за да го отстраните вишокот влага.

Исушете го на сонце или сенка. Мебелот од ратан може да го сушите и на сонце, но уште подобро е ако е на сенка.

kako-da-go-chistite-i-odrzhuvate-mebelot-od-ratan-03.jpg

Чистење мебел од природен ратан

Ако имате мебел од природен ратан, кога го чистите, важно е да избегнувате да користите премногу вода, зашто премногу влага може да предизвика ратанот да се искриви или со текот на времето дури и да изгние.

Ако согледате дека сте го наводениле повеќе отколку што треба, тогаш важно е да го оставите целосно да се исуши пред да го користите.

Исушете го на отворено, а може и на сонце. Исто така може да користите и четка со меки влакна или чиста крпа за добро и темелно да го избришете.

Ако треба да отстраните нечистотија или дамки, користете влажна крпа, со топла вода и благ раствор од сапун.

Внимавајте добро да ја исцедите ткаенината пред да ја користите на мебелот, за да избегнете заситување на ратанот со премногу вода.

Откако ќе го исчистите мебелот, оставете го целосно да се исуши на воздух пред повторно да го користите.

Никогаш не користете грејач или друг извор на топлина за да го забрзате процесот на сушење, бидејќи тоа може да предизвика испукување на ратанот.

kako-da-go-chistite-i-odrzhuvate-mebelot-od-ratan-04.jpg

Чистење на надворешниот мебел од ратан

Мебелот од ратан кој се наоѓа на отворено е изложен на повеќе прашина и нечистотија отколку оној кој се наоѓа внатре, па затоа е важно редовно да се чисти за да се спречи појава на мувла на површината.

За да го исчистите, започнете со употреба на четка со меки влакна или крпа, за да ја отстраните нечистотијата.

Потоа, измешајте раствор од топла вода и неколку капки течен сапун или сјај за садови. Никогаш не користете белило. Натопете ја чистата крпа во растворот и користете ја за нежно да го исчистите мебелот.

Откако ќе завршите, исплакнете темелно со чиста вода и потоа со сува крпа избришете го вишокот влага. Оставете го мебелот да се исуши на сонце или на добро проветрено место.

Чистењето на мебелот од ратан е од суштинско значење, без разлика дали се работи за надворешен или внатрешен мебел. Одржувајте го редовно и ќе му го продолжите неговиот животен век.

kako-da-go-chistite-i-odrzhuvate-mebelot-od-ratan-05.jpg

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
Совети како да се грижите за подот да делува како да е нов и по долго време Без оглед дали дома имате (или сакате да ставите) паркет, ламинат или линолеум, ...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg