Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите?

Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хемиско чистење или испрете ги на рака...

krzneni-parchinja-sintetichki-jakni-kako-da-ja-perete-zimskata-obleka-bez-da-ja-oshtetite-01.jpg

Грижата за зимските парчиња облека на многумина им задава главоболка.

Таа лесно се оштетува или се собира при перење, ако за неа не се грижите соодветно.

За да ги избегнете проблемите следниот пат кога ќе ја перете зимската облека, прочитајте ги овие совети. На тој начин ќе знаете што да правите со секој тип на облека.

Јакни со набори кои наликуваат на тенки монтки

Овие јакни се синтетички, па лесно се перат во машина. Но, за да не ги уништите, мора да следите неколку правила.

Прво, проверете дали има дамки, и ако забележите валкани места, поминете преку нив со мека ткаенина или со сунѓер натопен во благ детергент, а потоа исплакнете ја со студена вода.

Пред да ја ставите во машина, закопчајте ги сите копчиња и патенти.

Не ставајте белило или омекнувач и перете во студена вода, т.е на 30°.

Кога ќе ја извадите испраната јакна од машината, ставете ја на закачалка да се исуши, наместо да користите штипки и да ја закачите на жица, а не ја ставајте ни во машина за сушење алишта.

krzneni-parchinja-sintetichki-jakni-kako-da-ja-perete-zimskata-obleka-bez-da-ja-oshtetite-06.jpg

Крзнени капути или облека со крзнени додатоци

Иако крзените капути вообичаено се изработени од синтетички материјали кои се перат лесно, сепак, поставата на некои од нив можеби е од друг тип на материјал, па пред да почнете со перење, внимателно прочитајте ја етикетата.

За овој тип на облека, препорачливо е да го однесете на хемиско чистење, каде што ќе ви го исперат најсоодветно.

Но, ако сепак решите да го перете сами дома, тогаш направете го тоа на рака.

Во млака или студена вода ставете благ детергент и оставете ја облеката да отстои 15 минути, а дури потоа почнете да ја перете.

Не ја превиткувајте за да ја исцедите од водата (за да не ја стуткате), туку благо притиснете ја, а потоа ставете ја на закачалка да се исцеди.

krzneni-parchinja-sintetichki-jakni-kako-da-ja-perete-zimskata-obleka-bez-da-ja-oshtetite-05.jpg

Волнени капути

Пред да ги исперете волнените капути, прочитајте го упатството на етикетата.

Важно е најпрво да поминете преку капутот со четка за да ги отстраните „залепените“ влакна или прашина која лесно се собира на волнените предмети.

Ако забележите дамки, пробајте да ги исчистите со детергент наменет специјално за перење волнена облека или со детергент за светла облека. Детергентот тријте го во правец на влакната, и никако со кружни движења.

Волнениот капут може да го перете на рака или во машина.

Ако изберете машинско перење, закопчајте ги копчињата или патентните, па превртете го капутот наопаку.

На машината изберете програма „волна“ или „деликатно“ и наместете ја на минимален број вртежи за да не се истутка.

Ако пак, го перете на рака, користете бебешки шампон.

krzneni-parchinja-sintetichki-jakni-kako-da-ja-perete-zimskata-obleka-bez-da-ja-oshtetite-04.jpg

Џемпери од кашмир или волна

Џемперите од волна или од кашмир можете да ги перете на рака или во машина, иако е препорачливо да изберете рачно перење.

Најпрво превртете ги наопаку, за да го намалите оштетувањето или избелувањето на џемперот.

Измерете ја должината на ракавите и на самиот џемпер.

Ако изберете машина, ставете го џемперот на програма за деликатно перење, со студена вода.

Никогаш не ги ставајте овие парчиња во машина за перење.

Ако ги перете на рака, ставете студена вода во леген, па додадете детергент за волна или како алтернатива може да користите шампон за коса.

Оставете ги да отстојат околу 30 минути, па исперете ги во студена вода.

Кога ќе ја исцедите водата, ставете ги врз пешкир, па со рацете поминувајте преку самиот џемпер (како да го пеглате) за да ги издолжите и ракавите и џемперот колку што биле пред да почнете со перењето (затоа ги мерите на почетокот).

krzneni-parchinja-sintetichki-jakni-kako-da-ja-perete-zimskata-obleka-bez-da-ja-oshtetite-07.jpg

Дуксери

Дуксерите не треба да се перат по секое носење (бидејќи се оштетуваат), туку барем по 4-5 облекувања.

Честото перење го намалува интензитетот на бојата и создава „упки“, поради што дуксерите веќе не изгледаат ново и убаво.

Ако има патент, закопчајте го пред перењето, превртете го самиот дуксер наопаку и ставете го во мрежа за машинско перење облека (за да не се допира директно со останатите алишта).

krzneni-parchinja-sintetichki-jakni-kako-da-ja-perete-zimskata-obleka-bez-da-ja-oshtetite-03.jpg

Ракавици

Волнените ракавици може да се перат во машина со студена вода и на програма за „волна“,  или на рака, со шампон за бебиња или мек детергент.

Откако ќе ги исперете не ги превиткувајте за да ги исцедите, туку ставете ги врз пешкир кој ќе го впие вишокот вода. Потоа ставете ги на рамна површина за да се исушат.

Ако имате водоотпорни синтетички ракавици, најлесно ќе ги испрете на рака со благ детергент, ако претходно ги оставите да отстојат во вода.

Не ги перете во машина.

Рачно плетените ракавици се изработени од памук или полиестер, па може да се перат во машина, на програма за „деликатни алишта“.

krzneni-parchinja-sintetichki-jakni-kako-da-ja-perete-zimskata-obleka-bez-da-ja-oshtetite-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Облека и работи во домот што ги уништувате ако ги перете многу често За разлика од спортскиот градник за вежбање и костимот за капење, обичниот градн...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
Трикови и совети за најчестите проблеми во кујната и домот Отстранете го восокот од свеќи со коцка мраз и исчистете го мијалникот со средст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg