7 грешки со кои (несвесно) го намалувате животниот век на апаратите за домаќинство

Ставате фолија во рерната за да ја заштитите од храната што капе и да на мора да ја чистите постојано. Но, знаете ли дека фолијаа може да предизвика поголеми проблеми, отколку што реално ќе имате полза од неа во оваа ситуација?

7-greshki-poradi-koi-nesvesno-koi-go-namaluvate-zhivotniot-vek-na-aparatite-za-domakjinstvo-01_copy.jpg

Сите апарати за домаќинство имаат век на траење, па по долги години употреба почнуваат да се расипуваат.

Но, понекогаш и ние самите, несвесно, им го кратиме животниот век, поради грешките што ги повторуваме.

Ова се најчестите грешки што ги правиме сите, а поради кои апаратите во домаќинството многу побрзо се расипуваат:

Го вклучувате бокалот со премалку вода

Понекогаш во бокалот за загревање вода ставаме само мала количина, колку за една шолја кафе или чај.

Но, експертите велат дека во овие апарати секогаш треба да има поголема количина вода, бидејќи ако бокалот е често празен, тоа може да доведе до брзо расипување на системот за греење.

7-greshki-so-koi-nesvesno-koi-go-namaluvate-zhivotniot-vek-na-aparatite-za-domakjinstvo-02.jpg

Ставате фолија во рерната

Иако веруваме дека фолијата ставена на дното на рерната ќе ја заштити од храната која претекува и прска, па нема да мора да ја чистиме по секое готвење, ова е, сепак, многу погрешно.

Фолијата се загрева и дополнително ја грее рерната, а тоа може да предизвика прегорување на греачите во рерната.

Всушност, фолијата го намалува (во некои случаи и целосно го спречува) протокот на воздух, a може да се залепи за дното на рерната, ако на пример, ви останала храна од претходното готвење.

За да не се мачите при чистењето, најпрепорачливо е откако рерната ќе остине (додека е уште млака) да ја пребришете со влажна крпа и да ги отстраните дамките и остатоците од храна.

7-greshki-poradi-koi-nesvesno-koi-go-namaluvate-zhivotniot-vek-na-aparatite-za-domakjinstvo-04.jpg

Ставате премногу прашок во машината за перење

Ако ставате премногу прашок во машината, тоа не значи дека таа подобро или поефикасно ќе ви ги испере алиштата.

Напротив, дури и производителите на машини за перење велат дека преголемата количина прашок може да предизвика расипување на машината, а прекумерната пена што се прави да го запуши системот за испуштање вода.

7-greshki-poradi-koi-nesvesno-koi-go-namaluvate-zhivotniot-vek-na-aparatite-za-domakjinstvo-01.jpg

Ги миете деловите од машината за мелење месо со детергент

Новите машини за мелење месо се најчесто изработени од алуминиум, а бројни детергенти во себе содржат алкални фосфати.

Па кога тие ќе дојдат во допир еден со друг, почнуваат процес на оксидација, кој предизвикува нагризување на површината на деловите од машината, а тие го губат и својот сјај.

Затоа е препорачливо овие делови да се мијат само со вода или со неутрални детергенти (освен ако на самата декларација не е нагласено дека е безбедно да се користи секаков тип на детергент).

7-greshki-poradi-koi-nesvesno-koi-go-namaluvate-zhivotniot-vek-na-aparatite-za-domakjinstvo-08.jpg

Заборавате да го исчистите филтерот на фенот

Секој фен за коса има филтер кој ја штити косата од допир со внатрешните делови на фенот, но и го штити фенот за во него да не влезе прашина.

Но, кога филтерот е валкан и на него се залепени парчиња прашина, тој не дозволува нормален проток на воздухот и предизвикува прегревање.

Затоа редовно чистете ги филтрите, а ако не можете да ги извадите од фенот, можете да поминете преку нив со правосмукалка и да ги „одзатнете“.

7-greshki-poradi-koi-nesvesno-koi-go-namaluvate-zhivotniot-vek-na-aparatite-za-domakjinstvo-05.jpg

Не внимавате на водата во пеглата

Според експертите, во пеглата никогаш не смеете да оставите вида само на дното, напротив, треба барем 1/3 од садот да има вода за пеглата да функционира нормално.

Притоа, ако не користите дестилирана вода, барем превривајте ја пред да ја ставите во пеглата, за да спречите појава на бигор на дното на садот за вода.

Поради бигорот, пеглата може да се затне, да почне да тече, а бидејќи во близина се и жиците, постои опасност за допир на водата и струјата, па и струен удар.

7-greshki-so-koi-nesvesno-koi-go-namaluvate-zhivotniot-vek-na-aparatite-za-domakjinstvo-04.jpg

Во блендерот ставате замрзната или жешка храна

Во блендерот не треба да ситните мраз или да ставате замрзната храна, бидејќи тие може да ги оштетат перките или во најлош случај да се „заглават“ и да го прегреат/расипат моторот.

Ни прежешката храна не е соодветна за матење во блендер - кога ќе го ставите капакот, жештината се акумулира во мал простор, а тоа го зголемува притисокот во садот и може да предизвика негово пукање.  

7-greshki-so-koi-nesvesno-koi-go-namaluvate-zhivotniot-vek-na-aparatite-za-domakjinstvo-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Чести грешки со кои сами ги уништуваме апаратите во домот Ставате многу прашок во машината за перење и не ја истурате водата од пеглата ко...
Грешки со кои ѝ го скратувате животниот век на машината за садови Промената на начинот на користење на машината за садови може драстично да го про...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg