Грешки со кои ѝ го скратувате животниот век на машината за садови

Промената на начинот на користење на машината за садови може драстично да го промени нејзиниот животен век, па дури и да ѝ помогне подобро да ги исчисти садовите.

greshki-so-koi-i-go-skratuvate-zhivotniot-vek-na-mashinata-za-sadovi-01.jpg

Машината за садови е нешто што навистина ни е потребно во денешно време.

Како и за сè друго во домот, за да има подолг животен век, потребно е да се грижиме соодветно со цел да ни служи повеќе.

Но, некои мали навики кои можеби ги правите несвесно, може да бидат штетни.

Навики кои треба да ги заборавите за да ѝ го продолжите животниот век на машината за садови:

Не ја отстранувате доволно храната од садовите

Пред да ги ставите садовите во машината, потребно е да ги отстраните тврдокорните остатоци од храна, а и да внимавате да не оставате чепкалки за заби, мастики, салфетки и слично.

greshki-so-koi-i-go-skratuvate-zhivotniot-vek-na-mashinata-za-sadovi-02.jpg

Не ја оставате отворена

Ова не значи дека машината за садови постојано треба да ви биде отворена, но, она што го предлагаат експертите е да ја оставите отворена откако ќе заврши циклусот на перење, за да ја испуштите топлината и влагата.

Ова може да го спречи растот на мувла, што пак може да доведе до чуден мирис на садовите и кратење на животниот век на машината.

greshki-so-koi-i-go-skratuvate-zhivotniot-vek-na-mashinata-za-sadovi-03.jpg

Не ја користите доволно

Сигурно ова звучи спротивно на она што го мислите, но, ако не ја користите редовно машината за садови со топла вода, може да дојде до нејзино оштетување, како резултат на прекумерно таложење на остатоци на дното.

greshki-so-koi-i-go-skratuvate-zhivotniot-vek-na-mashinata-za-sadovi-04.jpg

Не ја чистите редовно решетката на дното на машината

Дополнителните остатоци од храна се собираат во решетката на долниот дел од машината. За да избегнете затнување, чистете ја барем еднаш неделно.

greshki-so-koi-i-go-skratuvate-zhivotniot-vek-na-mashinata-za-sadovi-05.jpg

Не ја чистите самата машина за садови

Препорачливо е на секои три до шест месеци машината за садови да ја вклучувате празна, а за таа цел може да користите бел оцет, наместо детергент, при што ќе ги елиминирате и непријатните мириси.

greshki-so-koi-i-go-skratuvate-zhivotniot-vek-na-mashinata-za-sadovi-06.jpg

Не ја полните правилно

Можеби некогаш се брзате и полесно ви е да ја наполните машината без да внимавате, како на пример, да ставите чаши на долната решетка.

Но, всушност ова може да резултира со скршено стакло или блокиран распрскувач за вода, со што ѝ се скратува животот на вашата машина.

greshki-so-koi-i-go-skratuvate-zhivotniot-vek-na-mashinata-za-sadovi-07_copy.jpg

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
Ситници поради кои бањата ви изгледа хаотично (а гостите ги забележуваат) Валкан сад за сапун, луфа закачена на чешмата и стара подлога на подот – кои сит...
Зошто, колку често и како правилно да го исчистите тостерот? Трошките и другите остатоци со текот на времето може да се насоберат во тостерот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg