Чести грешки со кои сами ги уништуваме апаратите во домот

Ставате многу прашок во машината за перење и не ја истурате водата од пеглата кога ќе завршите со пеглање облека.

chesti-greshki-so-koi-sami-gi-unishtuvame-aparatite-vo-domot-01.jpg

Квалитетните апарати како машина за перење и рерна можат да ни служат со години, но само ако внимаваме како ги користиме.

Дел од најчестите грешки со кои самите ги уништуваме апаратите:

Целата облека ја перете во машина

Машините дефинитивно ни спасуваат многу време, но не секоја облека треба да се пере во нив.

На пример, градниците е најдобро дa ги перете на рака бидејќи од машината побрзо ќе се оштетат.

Покрај тоа, нитните за закопчување може да се закачат на другата облека и да ја оштетат.

Исто така, немојте да перете во машина облека со големи метални додатоци, како и парчиња кои се многу тешки откако ќе се накиснат со вода бидејќи може да предизвикаат штета на машината.

chesti-greshki-so-koi-sami-gi-unishtuvame-aparatite-vo-domot-02.jpg

Ставате многу прашок за перење облека

Ако го преполните садот за прашок, нема облеката да ви биде почиста, туку ќе си ја оштетите машината.

Со текот на времето, прашокот ќе се акумулира бидејќи машината нема да може да го исплакне. А, дел од него ќе заврши и на облеката.

Покрај тоа, ако имате почувствителна кожа, користењето многу прашок може да предизвика иритација.

Најдобро е да ги следите инструкциите на амбалажата од прашокот.

chesti-greshki-so-koi-sami-gi-unishtuvame-aparatite-vo-domot-03.jpg

Не ставате доволно вода во бокалот за вриење

На бокалот за вриење вода е одбележано минималното количество вода што треба да го ставите.

Ако ставате помалку вода, со текот на времето ќе се расипе грејачот.

Исто така, не е препорачливо да го чувате бокалот до извор на топлина, како шпорет или рерна.

chesti-greshki-so-koi-sami-gi-unishtuvame-aparatite-vo-domot-04.jpg

Ставате алуминиумска фолија во рерната

Во ред е да печете храна во алуминиумска фолија.

Но, не е препорачливо да ставите алуминиумска фолија на дното на рерната за да го олесните чистењето.

Алуминиумската фолија ја рефлектира топлината, а ова може да има влијание врз храната.

Може да ја попречува и циркулацијата на воздух во рерната, па дури и да се залепи на дното ако ви останала храна од претходно готвење.

Многу подобро (и поевтино) е, едноставно, да ја исчистите рерната, отколку да ризикувате да ја оштетите.

chesti-greshki-so-koi-sami-gi-unishtuvame-aparatite-vo-domot-05.jpg

Не го чистите филтерот на фенот за коса

Филтерот на фенот за коса со текот на времето се полни со прашина.

И, ако не ја отстранувате, фенот ќе прегрева и ќе се расипе многу побрзо.

Препорачливо е да ја отстранувате прашината барем еднаш месечно, па и почесто ако го користите секој ден.

chesti-greshki-so-koi-sami-gi-unishtuvame-aparatite-vo-domot-6.jpg

Не ставате доволно вода во пеглата за облека

Како бокалот, постои минимално количество вода што треба да стои и во пеглата за да не се расипе.

Исто така, немојте да оставате вода во пеглата кога ќе завршите со пеглање бидејќи со ова може да се акумулира бигор кој ќе ја оштети.

chesti-greshki-so-koi-sami-gi-unishtuvame-aparatite-vo-domot-7.jpg

Користите блендер за многу тврда или многу жешка храна

Ако планирате да блендирате нешто замрзнато, почекајте малку да омекне бидејќи можете да ги оштетите сечилата на блендерот.

Исто така, не е препорачливо да ставате многу жешка храна во блендерот бидејќи можете да се оштети пластиката.

chesti-greshki-so-koi-sami-gi-unishtuvame-aparatite-vo-domot-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
Облека и работи во домот што ги уништувате ако ги перете многу често За разлика од спортскиот градник за вежбање и костимот за капење, обичниот градн...
Грешки со кои ѝ го скратувате животниот век на машината за садови Промената на начинот на користење на машината за садови може драстично да го про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg