Облека и работи во домот што ги уништувате ако ги перете многу често

За разлика од спортскиот градник за вежбање и костимот за капење, обичниот градник не треба да го перете по секое носење бидејќи ќе се растегне.

obleka-i-raboti-vo-domot-shto-gi-unishtuvate-ako-gi-perete-mnogu-shto-da-perete-pochesto-01.jpg

Ако водиме добра грижа за личната хигиена, не ја валкаме облеката толку многу колку што мислиме.

Освен ако не вежбаме или не се испотиме поради топлото време, некои парчиња облека е подобро да ги переме поретко за да не ги уништиме.

Исто e и со некои работи во домот кои не се валкаат така лесно, па нема потреба да ги переме многу често.

Кои работи треба да ги перете поретко, а кои почесто?

Обичен градник vs. спортски градник vs. костим за капење

Обичниот градник не треба да се пере по секое носење бидејќи ќе се растегнете многу побрзо. Идеално е да го перете на двете недели.

Сепак, не е препорачливо да го носите истиот градник секој ден, за да му дадете време да се исуши ако малку сте се испотиле и да се врати во првобитната состојба.

Истото важи и за спортските градници.

Сепак, ако вежбате со градникот или се испотите многу, тогаш ставете го за перење.

Костимот за капење, од друга страна, треба да се пере по секое носење.

obleka-i-raboti-vo-domot-shto-gi-unishtuvate-ako-gi-perete-mnogu-shto-da-perete-pochesto-02.jpg

Бањарка vs. пижами

Препорачливо е да ја перете бањарката еднаш неделно.

Истовремено, осигурете се дека по секое користење ќе се исуши добро, за да го спречите развојот на бактерии.

Пижамите, пак, треба да се перат почесто – по две-три носења.

Сепак, во нив поминуваме по осум часа и се потиме, па брзо се валкаат.

obleka-i-raboti-vo-domot-shto-gi-unishtuvate-ako-gi-perete-mnogu-shto-da-perete-pochesto-03.jpg

Хеланки vs. фармерки

Ако ги користите хеланките за вежбање, тогаш перете ги по секое носење. Ако ги носите по дома или за излегување, исперете ги по 2-3 облекувања.

Фармерките, од друга страна, треба да се перат што е можно поретко.

Дури и извршниот директор на Levi’s има изјавено дека за да траат долго, фармерките треба да се перат што е можно поретко.

Притоа, препорачливо е да ги перете во студена вода, превртени наопаку.

obleka-i-raboti-vo-domot-shto-gi-unishtuvate-ako-gi-perete-mnogu-shto-da-perete-pochesto-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Предмети во домот кои сите забораваме да ги исчистиме Колку често ги перете перниците? А, дали ја чистите машината за садови? Колку...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg