7 работи поради кои кујната секогаш ќе ви делува хаотично

Мијалник кој мириса непријатно и во совршено уредена кујна, премногу магнети на фрижидерот... Поради што кујната често ни делува хаотично и не е воопшто привлечно место каде што сакаме да поминеме повеќе време?

7-raboti-poradi-koi-kujnata-sekogash-kje-vi-deluva-haotichno-011.jpg

Сакале да признаеме или не, голем дел од денот го поминуваме во кујната. Дури и кога не готвиме, се „врткаме“ таму за да направиме кафе, да си наполниме чаша со вода, да излупиме овошје или да погледнеме што има во фрижидерот или плакарот со грицки.

И колку и да сакаме таа да е пријатно место, факт е дека многу почесто делува хаотично, дури и кога е средена.

Кои работи прават кујната да ви изгледа хаотично (и што да смените)?

Премногу магнети на фрижидерот

Магнетите секогаш ни враќаат убави спомени од патувањата на кои сме биле.

Но, ако има премногу магнети залепени на фрижидерот, тие делуваат хаотично.

Ова е уште поизразено ако со нив прикачувате различни пораки, потсетници или детски цртежи.

Плус, собираат прашина која станува леплива ако не ги бришете редовно.

7-raboti-poradi-koi-kujnata-sekogash-kje-vi-deluva-haotichno-02.jpg

Брисач за раце со 3-4 парчиња хартија

Кога ролната со хартијата за раце ќе дојде при крај, на околу 3-4 парчиња, тргнете ја од видливо место и заменете ја со нова.

Таа не делува нималку привлечно и го нагрдува просторот.

7-raboti-poradi-koi-kujnata-sekogash-kje-vi-deluva-haotichno-06.jpg

Мијалник кој мириса непријатно

Дури и кујната да ви е совршено средена, ако мијалникот не е измиен и мириса непријатно, веднаш се губи убавиот впечаток за просторот.

Затоа, освен што редовно го пребришувате мијалникот, барем еднаш во неделата исчистете го со смеса од топла вода (100ml), 1 лажица сода бикарбона и 2 лажици оцет.

Сите состојки спојте ги во шише со распрскувач и испрскајте го мијалникот.

Откако ќе отстои околу 10 минути, поминете го мијалникот со топла вода.

7-raboti-poradi-koi-kujnata-sekogash-kje-vi-deluva-haotichno-04.jpg

Уште 4 на следната страница...



Би можело да ве интересира:

7 грешки со кои (несвесно) го намалувате животниот век на апаратите за домаќинство Ставате фолија во рерната за да ја заштитите од храната што капе и да на мора да...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
Трикови со кои во кујната сè ќе ви биде како „под конец“ Чистете ја корпата за отпадоци со парче лимон и искористете ја внатрешноста од в...
8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg