8 работи кои професионалните чистачи никогаш не би си ги купиле за дома
Венецијанери се најголемата грешка во домот заради тешкото чистење прашина - кои други работи никогаш не би си ги купиле луѓето кои професионално чистат, знаејќи колку е тешко да се одржуваат?
Луѓето кои професионално се занимаваат со чистење во домови, канцеларии и установи, добро знаат со што се соочуваат во секојдневното работење и кои работи се тешки за одржување.
Поучени од тоа, за својот дом веројатно никогаш не би одбрале нешто што тешко се чисти и ќе им одзема премногу време и мака за тоа.
Предмети кои многу собираат прашина, а тешко се бришат или светол мебел од кој тешко се чистат дамки, но и типови на плочки на кои најмногу се познава нечистотија...
Во продолжение погледнете кои работите кои тие не би ги одбрале (и умешно избегнете ги и вие):
Венецијанери – собираат многу прашина, а тешко се чистат
Светол мебел на кој може трајно да останат дамки и на кои се познава секоја дамка
Огледална или сјајна ѕидна површина во кујна на која се познаваат и најмалите капки од вода или масло
Темни кујнски елементи на кои е видлива дури и најмалата гребнатинка и прашина
Светол тепих со долги и густи влакна, до кои тешко се пробива правосмукалката и тешко се чисти
Бели плочки – ќе треба да собирате прашиња и да џогирате 3 пати на ден
Темни бои во бања – премногу се познаваат дамките од бигор
Стаклени лустери на висок плафон – собираат многу прашина која е видлива, а тешко се бришат до совршенство
М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com