5 работи во домот што заборавате да ги исчистите (и делувате како неуредна личност)
Отпечатоци од прсти на кујнските шкафчиња, валкани чевли во ходникот…
Кога на сите обврски во текот на денот ќе го додадете и чистењето на домот, нормално е да пропуштите некои работи.
Но, ако чекате гости, а не сакате да оддадете впечаток на неуредна личност, треба да обрнете внимание и на ситниците.
6 работи што не треба да ги прескокнете кога го чистите домот:
Валкани и расфрлани чевли во ходникот
Ходникот е првото нешто што го гледаат гостите, па расфрланите чевли секако дека ќе „им паднат во око“.
Ако немате место во шкафот за чевли, тогаш купете и полици.
Н, на полиците не оставајте чевли на кои има кал и секакви нечистотии и од естетски, и од хигиенски причини.
Расипана храна во фрижидерот
Потрудете се барем еднаш неделно да го проверувате фрижидерот за расипана храна.
Најпрво, овде е лошиот мирис.
Но, истовремено, расипаната храна е полна со бактерии кои можат да се разнесат на другите намирници внатре.
Прашина на подните ламби, сликите и украсите на ѕидот
Кога бришете прашина, лесно е да ги заборавите овие места, но сепак го привлекуваат вниманието.
Секогаш бришете ја прашината и од предметите што ви се закачени на ѕидот.
Отпечатоци од прсти на огледало, маса…
Невозможно е а да не се забележи валкано огледало, па не заборавајте да ги чистите редовно, особено она во бањата кое обично се валка побрзо.
Премногу се очигледни и отпечатоците на стаклена маса, па и кујнските шкафчиња и мебелот со сјаен финиш.
Валкана черга пред влезна врата
Кога го чистите домот, не ја заборавајте и чергата пред влезната врата која е можеби највалкана.
Само затоа што стои на надворешната страна од ходникот, не значи дека треба никогаш да не ја исчистите.
Спирова С. | Црнобело