Предмети во домот кои сигурно не знаевте дека треба да ги заменувате со нови

Сад за мраз

Ако користите пластични садови за мраз, препорачливо е да ги менувате по околу две години.

Причината е тоа што со текот на времето, пластиката од којашто се изработени може да почне да испушта токсини кои вие ќе ги внесете преку мразот.

predmeti-vo-domot-koi-sigurno-ne-znaevte-deka-treba-da-gi-zamenuvate-so-novi-008.jpg

Садови за миленици

Најдобро е да ги избегнувате пластичните садови за миленици.

Милениците, особено кучињата, обично ги гребат овие садови, па станува речиси невозможно да ги исчистите сите бактерии.

Ако сепак користите пластични садови, менувајте ги на секои две години.

Металните садови, од друга страна, можат да ви траат вечно.

predmeti-vo-domot-koi-sigurno-ne-znaevte-deka-treba-da-gi-zamenuvate-so-novi-07.jpg

Килимче во бањата

Бидејќи влагата создава совршена околина за развој на бактерии, треба да го перете килимчето во бањата еднаш неделно.

Исто така, препорачливо е да го заменувате на секои две години, бидејќи со текот на времето сепак почнува да се создава мувла.

predmeti-vo-domot-koi-sigurno-ne-znaevte-deka-treba-da-gi-zamenuvate-so-novi-08.jpg

Четка за тоалетна школка

Покрај тоа што треба темелно да ја чистите четката по секое користење, препорачливо е и да ја менувате околу еднаш годишно за да го спречите разнесувањето на бактерии.

predmeti-vo-domot-koi-sigurno-ne-znaevte-deka-treba-da-gi-zamenuvate-so-novi-09.jpg

Завеса за туширање

Веројатно и самите сте забележале дека на завесата во бањата лесно се формира мувла.

Покрај тоа што треба да ја чистите оваа мувла, добро би било и да ја заменувате завесата околу еднаш годишно.

Ако имате многу влага во бањата, тогаш заменувајте ја завесата на секои шест месеци.

predmeti-vo-domot-koi-sigurno-ne-znaevte-deka-treba-da-gi-zamenuvate-so-novi-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ситници поради кои бањата ви изгледа хаотично (а гостите ги забележуваат) Валкан сад за сапун, луфа закачена на чешмата и стара подлога на подот – кои сит...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
Чести грешки кои имаат влијание врз хигиената во бањата Ја чувате луфата во туш кабината или на кадата, крпите ги складирате во бањата и...
Облека и работи во домот што ги уништувате ако ги перете многу често За разлика од спортскиот градник за вежбање и костимот за капење, обичниот градн...
7 работи поради кои кујната секогаш ќе ви делува хаотично Мијалник кој мириса непријатно и во совршено уредена кујна, премногу магнети на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg