Ги знаете ли овие домаќински трикови?

Работите кои секојдневно ги користиме во домаќинството може да се искористат и на многу други начини за да си го олесниме животот. Погледнете некои од овие трикови кои се проверени и во пракса.

 dali-gi-znaete-ovie-trikovi-01

1. Вашата коса може да добие бакарна боја, ако после миењето ја исплакнете со вода во која претходно околу 10 минути сте вареле 30 грама ловоров лист.

2.Дамките од мувла или `рѓа исперете ги со сапун и ставете ги да се исушат на сонце. Ако и после тоа останат дамките, истријте ги со лимонов сок и повторното исперете ги.

3.За да ги заштитите забите од кариес, потребно е повремено да ги протриете со јагода.

4. Предметите од кожа ќе бидат како нови ако ги пребришете со мека крпа натопена со сок од портокал, а потоа да ги бришете со волнена крпа додека не се исуши влагата.

5. Ако сакате да исечете парче торта или некоја форма на колаче со точна права линија, пред сечењето натопете го ножот во топла вода.

6. За да биде лимонот подолго свеж, ставете го во тегла со вода.

7. Дамките од мастило на дрвена површина, може лесно да ги исчистите со крпа малку натопена во оцет.

dali-gi-znaete-ovie-trikovi-2

8. Ако сте се изгореле или изгребале, намачкајте ја раната со мед и ќе ја заштитите од инфекции и бактерии.

9. За замрзнатото месо да биде свежо пред печењето оставете го да отстои во млеко

10. За да го отстраните непријатниот мирис во фрижидерот при чистењето пребришете го со влажна крпа натопена во сода бикарбона или во оцет.

11. Мирисот на лук од вашите раце ќе го отстраните ако ги протриете со сол и ги измиете со топла вода.

12. Ќе имате помалку првут ако по миењето, додека косата ви е влажна на темето протриете сол, а по 10 минути ја измиете косата само со топла вода.

13. Ако ја пресолите манџата при готвењето, додајте уште 2-3 излупени компири да се поварат во неа, бидејќи тие ја собираат солта.

14. Убодот на пчела или оса ќе го ублажите ако веднаш го извадите осилото, а местото да го протриете со парче кромид.

dali-gi-znaete-ovie-trikovi-1

Би можело да ве интересира:

Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
Совети како да се грижите за подот да делува како да е нов и по долго време Без оглед дали дома имате (или сакате да ставите) паркет, ламинат или линолеум, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg