Трикови со кои предметите и храната во домот ќе ви траат подолго (и ќе ви заштедат пари)

Чувајте го лебот во фрижидер за да ви трае подолго, а облеката перете ја превртена опаку.

trikovi-so-koi-predmetite-i-hranata-vo-domot-kje-vi-traat-podolgo-i-kje-vi-zashtedat-pari-01.jpg

Некои работи што ги правиме несвесно неретко им го скратуваат рокот на предметите во домот, но и храната.

Неколку трикови што ќе ви помогнат да го избегнете ова:

Редовно користете правосмукалка

Редовното метење не е важно само за хигиената, туку и за изгледот и долготрајноста на теписите.

Ако оставате долго тепихот да биде валкан, нечистотиите можат побрзо да ја оштетат ткаенината на тепихот.

Па, препорачливо е да користите правосмукалка најмалку еднаш неделно, па и почесто ако имате миленик.

trikovi-so-koi-predmetite-i-hranata-vo-domot-kje-vi-traat-podolgo-i-kje-vi-zashtedat-pari-03.jpg

Перете ја облеката превртена опаку

Облеката се валка од нашето тело, па ако ја перете превртена опаку подобро ќе се отстранат нечистотиите.

Исто така, на овој начин и подолго ќе се задржи бојата, а и ќе се намали појавата на топчиња.

trikovi-so-koi-predmetite-i-hranata-vo-domot-kje-vi-traat-podolgo-i-kje-vi-zashtedat-pari-04.jpg

Чувајте го лебот во фрижидер

Ако дома имате повеќе леб кој не можете да го изедете брзо, слободно ставете го во фрижидер, па и во замрзнувач.

Пред јадете, само подгрејте го во рерна.

trikovi-so-koi-predmetite-i-hranata-vo-domot-kje-vi-traat-podolgo-i-kje-vi-zashtedat-pari-05.jpg

Не го допирајте кашкавалот со голи раце

Дури и ако темелно ги измиете рацете, ако го допирате кашкавалот, на него сепак можат да завршат некои бактерии.

А, ова може да го забрза процесот на создавање мувла.

Најдобро е да ставите ракавици или да го фатите парчето со хартиен бришач додека го сечете.

trikovi-so-koi-predmetite-i-hranata-vo-domot-kje-vi-traat-podolgo-i-kje-vi-zashtedat-pari-06.JPG

Сплескајте ја ролната тоалетна хартија

Овој трик е за оние кои имаат мали деца кои користат многу хартија или миленик кој сака да ја размотува ролната

Кога ролната е малку сплескана, потешко е да се одмота, па децата ќе трошат помалку хартија, а милениците нема да можат да прават неред.

trikovi-so-koi-predmetite-i-hranata-vo-domot-kje-vi-traat-podolgo-i-kje-vi-zashtedat-pari-02.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Облека и работи во домот што ги уништувате ако ги перете многу често За разлика од спортскиот градник за вежбање и костимот за капење, обичниот градн...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg