Како најлесно да ги средите фиоките со облека (и да се ослободите од хаосот)?

Ако наутро најпрво вежбате, можеби хеланките и спортските градници треба да ви бидат во иста фиока и да ви бидат на дофат.

kako-najlesno-da-gi-sredite-fiokite-so-obleka-i-da-se-oslobodite-od-haosot-01.jpg

Она што се крие во фиоките на нашите комоди понекогаш може да се претвори во вистински хаос. Овде може да се акумулираат работи кои не се соодветни и насекаде да стане неред.

Но, со малку грижа и одржување, може да бидат прегледни и чисти. За да ви помогнеме да ги организирате подобро вашите фиоки, ви споделуваме неколку идеи и совети.

Како до подобро организирање на фиоките со облека?

Поставете си цел

Пред да ги исчистите фиоките, одвојте малку време и размислете која е крајната цел. Дали сакате да се ослободите од облеката што не ја носите, дали само сакате да ги преуредите...

soveti-za-polesno-organiziranje-na-fiokite-so-obleka-02.jpg

Испразнете ги целосно

За да го намалите нередот, испразнете ги фиоките целосно и размислете за она што го поседувате.

Колку често ја носите таа облека? Одлучете што можете да задржите, што да донирате или да фрлите.

soveti-za-polesno-organiziranje-na-fiokite-so-obleka-03.jpg

Направете си соодветни „категории“

Размислете за тоа која е вашата дневна рутина. Ако наутро најпрво вежбате, можеби спортските панталони и спортските градници треба да ви бидат во иста фиока и да ви бидат на дофат.

soveti-za-polesno-organiziranje-na-fiokite-so-obleka-04.jpg

Користете прегради во фиоките

Кога ги средувате фиоките, добро е да користите и соодветни прегради. На тој начин може лесно да ја сортирате облеката според нејзината употреба, а и кога ќе се брзате, лесно ќе ја најдете.

soveti-za-polesno-organiziranje-na-fiokite-so-obleka-05.jpg

Не ги преполнувајте фиоките

Фиоките не се куфер па целосно да бидат наполнети до врвот.

Ако фиоките се преполни, тогаш за брзо време може повторно да се претворат во хаос.

soveti-za-polesno-organiziranje-na-fiokite-so-obleka-06.jpg

Облеката во фиоките враќајте ја здиплена

Кога се брзате, многу често може облеката да ја вратите во фиока целосно стуткана. Но, одолејте на тоа и вложете дополнителни 10-15 секунди за да го здиплите парчето облека.

Oва ќе ви ја одржува фиоката средена подолго време.

soveti-za-polesno-organiziranje-na-fiokite-so-obleka-07.jpg

Средувајте една по една фиока

Справувањето со сите фиоки одеднаш може да ви звучи застрашувачко. Па, започнете со една по една фиока, така ќе бидете помотивирани.

soveti-za-polesno-organiziranje-na-fiokite-so-obleka-08.jpg

М. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 работи кои професионалните чистачи никогаш не би си ги купиле за дома Венецијанери се најголемата грешка во домот заради тешкото чистење прашина - кои...
Грешки со кои ѝ го скратувате животниот век на машината за садови Промената на начинот на користење на машината за садови може драстично да го про...
Мраз за чевлите, оцет за бојата на фармерките - Трикови за беспрекорен изглед на гардеробата Со пегла за коса можете набрзина да ја испеглате јаката на кошулата, а гумата за...
Како најлесно да ја исчистите завесата во бањата? Ако забележите нечистотии или мувла на завесата за туширање во вашата бања, не з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg