Трикови со кои предметите и храната во домот ќе ви траат подолго (и ќе ви заштедат пари)

Повремено ротирајте го душекот

На секои три месеци ротирајте го душекот.

На овој начин тој подолго ќе ја задржи формата.

trikovi-so-koi-predmetite-i-hranata-vo-domot-kje-vi-traat-podolgo-i-kje-vi-zashtedat-pari-07.JPG

Чувајте го брашното во фрижидер

Ако го чувате на собна температура, брашното ќе трае околу три месеци.

Но, ако го ставите во фрижидер, тогаш ќе ви трае една година, додека во замрзнувач можете да го чувате и до две години.

trikovi-so-koi-predmetite-i-hranata-vo-domot-kje-vi-traat-podolgo-i-kje-vi-zashtedat-pari-08.jpg

Додајте неколку зрна ориз во солта

Оризот може да ја впие влагата од солта, па со тоа да го спречи создавањето грутки во неа.

trikovi-so-koi-predmetite-i-hranata-vo-domot-kje-vi-traat-podolgo-i-kje-vi-zashtedat-pari-09.JPG

Поретко перете ги фармерките

Освен ако не ги извалкате многу, на пример поради работа на отворено, фармерките можете да ги перете и по десет носења.

trikovi-so-koi-predmetite-i-hranata-vo-domot-kje-vi-traat-podolgo-i-kje-vi-zashtedat-pari-10.jpg

Немојте да ставате многу прашок и омекнувач за облека

Покрај тоа што не треба да претерувате со овие продукти, за некои парчиња е подобро и да не користите омекнувач.

На пример, крпите и пешкирите се од различен материјал од облеката што ја носиме, па е многу подобро да ги перете без омекнувач

Истото важи и за фармерките.

trikovi-so-koi-predmetite-i-hranata-vo-domot-kje-vi-traat-podolgo-i-kje-vi-zashtedat-pari-11.JPG

Не носете ист пар чевли два дена по ред

На овој начин ќе им дадете можност на чевлите да се исушат од влагата од стапалата, со што ќе се спречи појавата непријатен мирис.

Покрај тоа, со носењето чевлите малку се деформираат, па со оваа пауза ќе можат да се вратат во првобитната форма, пред повторно да ги облечете.

trikovi-so-koi-predmetite-i-hranata-vo-domot-kje-vi-traat-podolgo-i-kje-vi-zashtedat-pari-12.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Облека и работи во домот што ги уништувате ако ги перете многу често За разлика од спортскиот градник за вежбање и костимот за капење, обичниот градн...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg