Едноставни совети со кои ќе им го продолжите рокот на траење на апаратите во домот

Не го чувајте фенот во бањата и немојте да оставате предмети врз лаптопот. Со кои грешки им го скратувате рокот на траење на апаратите и уредите во домот?

ednostavni-soveti-so-koi-kje-i-go-prodolzhite-rokot-na-traenje-na-aparatite-vo-domot01.jpg

Смартфон, лаптоп, фрижидер – ова се уреди што ги има во сечиј дом.

И, ваквите уреди обично не се евтини, па кога ги купуваме, сакаме да ни траат неколку години.

Но, со некои грешки самите им го скратуваме животот.

Неколку совети со кои апаратите ќе ви траат подолго:

Не го чувајте фенот за коса во бањата

Поради влагата, фенот за коса ќе се расипе побрзо ако го чувате во бањата.

Исто така, не заборавајте да го чистите задниот дел каде што се акумулира прашина.

Со ова ќе го спречите прегревањето и ќе му го продолжите рокот на траење.

ednostavni-soveti-so-koi-kje-i-go-prodolzhite-rokot-na-traenje-na-aparatite-vo-domot-02.JPG

Чистете ја металната решетка на шпоретот

Ако имате шпорет на плин, не заборавајте редовно да ја чистите металната решетка.

Но, немојте да ја киснете долго во вода за да го спречите рѓосувањето.

Откако ќе ја исчистите, веднаш пребришете ја со сува крпа.

ednostavni-soveti-so-koi-kje-i-go-prodolzhite-rokot-na-traenje-na-aparatite-vo-domot-03.JPG

Не чекајте батеријата на телефонот да се испразни целосно

Литиумските батерии во смартфоните е оптимално да бидат помеѓу 40% и 60%.

Не е препорачливо да чекате телефонот да се испразни целосно.

Ако често го правите ова, ќе го намалите рокот на траење на батеријата, односно по некое време ќе се празни значително побрзо.

ednostavni-soveti-so-koi-kje-i-go-prodolzhite-rokot-na-traenje-na-aparatite-vo-domot-04.JPG

Не ја оставајте вратата од машината за перење отворена

Откако ќе ја извадите облеката, оставете ја машината отворена за да се исуши.

Но, по околу половина час, препорачливо е да ја затворите.

Ако постојано е отворена, поради притисокот од нејзината тежина, може да се оштети механизмот, па потоа нема да се затвора соодветно.

Исто така, секогаш постои веројатност да се удрите во вратата.

ednostavni-soveti-so-koi-kje-i-go-prodolzhite-rokot-na-traenje-na-aparatite-vo-domot-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ситници поради кои бањата ви изгледа хаотично (а гостите ги забележуваат) Валкан сад за сапун, луфа закачена на чешмата и стара подлога на подот – кои сит...
Чести грешки кои имаат влијание врз хигиената во бањата Ја чувате луфата во туш кабината или на кадата, крпите ги складирате во бањата и...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
9 работи кои ја нагрдуваат бањата (и гостите секогаш ги забележуваат) Ви се случило ли да влезете во бањата (своја или туѓа) и да не сакате да останет...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg